Студирајте на Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед: интервју со магистер Тадеја Крашна, продекан на Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед

Високата школа за хотелиерство и туризам од Блед е основана во 2010 година и е единствена високообразовна установа во Република Словенија, којашто ги одржува студиските програми Хотелиерство и туризам и Здравствен туризам. Помеѓу останатото таа може и да се пофали со добрата местоположба со оглед на тоа што Блед е место со препознатлива традиција за туризам и угостителство т.е. со висок степен на вработување на своите дипломци.

Photo: магистер Тадеја Крашна, продекан на Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед

– Какви се спецификите на Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед?

– Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед е единствена високообразовна установа во Република Словенија која што ги спроведува студиските програми за Хотелиерство и туризам и Здравствен туризам, којшто е уникатен спој на студиите по медицина и туризам. Идните студенти можат да избираат помеѓу модулот Менаџмент на здравствен туризам и Менаџмент за велнес туризам. Решивме да ја започнеме оваа студиска програма бидејќи луѓето се повеќе посветуваат внимание на здравјето и здравиот начин на живот. Грижата за здравјето излегувањето од рутината и квалитетната здравствена заштита често се добар мотив за патување. Со тоа се занимава здравствениот туризам, којшто е посебна гранка во туризмот, каде што акцентот е ставен на лечење и здравство или медицински услуги.

Покрај тоа, имаме и студиски програми за хотелиерство и туризам, каде што студентите избираат помеѓу модулот Туристички менаџмент и Хотелски менаџмент. За сега сме единствени со студиите за хотелиерство во Република Словенија. Се наоѓаме на Блед, место со препознатлива традиција за туризам и хотелиерство и една од главните туристички дестинации во Република Словенија.

– Што е тоа што Вишата школа за туризам и хотелиерство од Блед го прави одлично?

– Нашата мисија е да го развиеме знаењето, вештините и идеите во духот на отвореноста, да ги направиме корисни и да ги пренесеме на следните генерации. Студиите за туризам им ги препорачуваме на сите, коишто се заинтересирани за работа со луѓе, организирање патувања, грижа за здравјето, осмислување на иновативни, креативни и сеопфатни понуди прилагодени за секого. Акцентот е ставен на тимската работа, студирање преку примери, независноста на поединецот и суверенитетот. Ја поттикнуваме креативноста, иновативноста и претприемништвото. Студентите имаат можност да посетуваат практика во Европската Унија – Erasmus +. Сакаме да ги подготвиме дипломците од двете студиски програми за непосредна и независна работа во туризмот и здравството, овозможувајќи им вработување веднаш по завршувањето на студиите. Туризмот заедно со хотелиерството е една од најголемите сектори на услуги во светот и нуди широк спектар на можности за вработувања на светскиот пазар на трудот. Истото е и со здравствениот туризам, којшто добива се поголемо значење бидејќи Oxford Economics предвидува 25% годишен раст на здравствениот туризам во наредните десет години. Годишно има единаесет милиони здравствени туристи, што исто така значи и зголемена потреба од соодветно обучен кадар.

– Колку студенти студираат кај вас, од каде се истите и на кои програми најмногу се запишуваат?

– Оваа година во програмата Здравствен туризам се запишаа 45 студенти, од којшто две студентки беа од Економската школа во Австрија. Со оглед на тоа што сме приватна установа, со акцент на индивидуалниот пристап тоа е прилично многу. Двете студентски програми беа подеднакво застапени до оваа година. Оваа година забележавме нешто поголема побарувачка за студиите за хотелиерство. Меѓутоа на студиската програма Здравствен туризам постои поголема побарувачка за модулот менаџмент на здравствениот туризам. Студентите доаѓаат од цела Република Словенија и се запишуваат во нашата школа по завршувањето на средното училиште или по завршувањето на вишата школа. Ние имаме и вонредни студии, така што кај нас се добредојдени студентите од сите возрасти.

– Каква е вашата стратегија за привлекување на странски студенти?

– Соработуваме со компанијата 2TM за да привлечеме странски студенти.

– Кои се визиите, амбициите и целите за развој на Вишата школа за хотелиерство и туризам во Блед?

– Главна цел на Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед е да се едуцираат висококвалификувани кадри и истовремено да придонесат за економскиот развој на областите и на пошироката заедница. Помеѓу целите на прво место секогаш го ставаме квалитетното спроведување на студиските програми и грижата за студентите. По тоа следува: меѓународната соработка со поврзаните институции и соработката во меѓународните проекти и воспоставување на партнерство со домашното и странското стопанство. Секогаш се добредојдени млади колеги, коишто ги интересира наставата и истражувањето. Во иднина имаме намера да развиваме мастер програми за меѓународен менаџмент во туризмот.

Ве повикуваме да ни се придружите на Блед.

Новинарка: Шпела Зупан Штампохар

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х