Велат дека секој почеток е тежок. Сепак, многу е полесно да имате некој околу вас да ви помогне со совети и да ве води на вистинскиот пат. За време на студиите, туторот може да им помогне на студентите, олеснувајќи го преминот од средно училиште во високо образование, советувајќи и помагајќи за многу теми поврзани со студирањето и студентскиот живот.

Photo: pixabay/nrjfalcon1

Што е тоа туторство?

Туторството е систематска и организирана форма на помош на студентите во студиите и во нивниот академски развој. Во овој процес учествуваат: туторот, студентот и координаторот на туторите.

Туторот може да биде студент од повисоките години или пак наставник. Негова работа е да им обезбеди на студентите или тн. туторанти, информации, да ги советува, да им помогне да стекнат знаења, да ги мотивира, да ги води и да им дава личен пример.

Координаторот на туторите е личност од стручниот, истражувачкиот или наставничкиот персонал, или пак студент.

Како помага туторот?

Постојат тутори-студенти и тутори-наставници.

Главната работа на туторот-студент е да ги советува студентите за студирањето и за други теми поврзани со студентскиот живот, како што се боновите, домовите, јавниот превоз, студентските погодности и др. Ги запознава студентите со правата и должностите, процедурите и правилата на работа на факултетот, Студентскиот совет, и општо студентскиот живот. Исто така, може да помогне при совладувањето на студиското градиво и со тоа да им обезбеди соодветна поддршка во студирањето на бруцошите, односно на помладите студенти.

Главните задачи на туторите-наставници е да ги советуваат студентите за нивните студии, изборот на предметите, продолжување на нивниот студиски пат, и можностите за кариера. Исто така, помага во решавањето на студиските или други проблеми што можат да се јават во текот на студиите.

Ги поддржува, а не да работи наместо нив

Туторот може да им помогне на студентите со разни проблеми и да ги води во вистинската насока. Сепак, треба да се нагласи дека неговата помош служи само како поддршка. Туторот не бара информации наместо студентот, туку само го насочува. Тој, исто така, не дава совети како да се препишува или да се мами на испити, не ги коментира професорите и нивната работа (начинот на предавање, оценување и сл.). Исто така, на студентите не им пишува семинарски работи и извештаи, и не ги снабдува со белешки.

Тутор за секого

Постојат неколку видови туторство кои се разликуваат во однос на видот или формата на помош, како и кому е таа наменета. Ќе опишеме само неколку:

Воведно туторство

Наменето е за бруцоши или новодојдени студенти со цел полесно да се прилагодат на студентскиот живот и да се интегрираат во новата образовна средина.

Предметно туторство

Тоа служи како дополнителна помош за студентите во разбирањето и совладувањето на градивото при определени предмети.

Тутори за студенти со посебни потреби

Им помага на студентите со посебни потреби полесно да се прилагодат и да се интегрираат во студискиот живот и работа. Туторот, исто така, им помага со оние студиски активности кои не можат сами да ги извршат.

Тутори за странски студенти

Туторот им помага на странските студенти при пристигнувањето во Словенија, во надминувањето на културниот шок и навикнувањето на новото опкружување.

Туторство за задолжителна пракса

Во оваа форма на туторство, на студентот му се помага во наоѓање и организирање на задолжителната пракса.

Каде да се најде тутор?

Туторството е присутно на повеќето факултети. Туторот обично комуницира со своите туторанти преку електронска пошта или телефон. Контактите можете да ги најдете на веб-страниците на конкретната образовна институција.

Да се биде тутор е предност

Ако сте комуникативни, организирани, трпеливи, сакате да работите со луѓе и не сте веќе бруцош, можете да аплицирате на конкурсот за тутор-студент, кој обично се објавува на крајот на летниот семестар. Ако ги исполнувате критериумите за избор и сте избрани на конкурсот, мора да присуствувате на обуката за студентски тутор пред почетокот на учебната година.

Да се биде тутор и да им се помага на студентите е предност, бидејќи туторите можат на повеќето факултети да бараат туторството да им биде признато како изборен предмет кој носи одреден број кредити. Последно, но не и најмалку важно, преку туторството во пракса многу се учи и се стекнуваат важни компетенции за работа со луѓе, што може да се вклучат и во CV-то, со што се добива конкурентска предност на пазарот на трудот.

Автор: Шпела Зупан Штампохар

Извор: uni-lj.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х