Сметате, дека е невозможно да се запишете на високообразовна институција надвор од својата земја ако татко ви не е пратеник, дипломат или голем бизнисмен, а вие не сте гениалец? Ова мислење го имаат поголемиот дел од учениците, а малкумина од нив ја искористуваат оваа можност.

Уписот на факултет во странство е поедноставно отколку што мислите. При тоа дипломата, знаењата и искуството кои што ги имате стекнато ќе ви отворат многу врати, не само во родната земја, туку и во целиот свет.

Во овој текст ќе ви раскажеме за условите за запишување на универзитетите и вишите школи во Словенија, врз основа на долгогодишното искуство на фирмата 2ТМ, која е специјализирана во оваа област.

До сега „2ТМ“ има запишано околу 400 студенти од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Русија, Украина и други земји од светот. Знаете ли што имаат заедничко идните студенти од овие земји, без да ги земеме во предвид разликите во менталитетот и националноста? Стравот и сомнежот. Овие дилеми лесно се решаваат доколку имате силна воља.

Зошто сеуште не студирате во Словенија?

Постојат неколку изговори за тоа:

1. Не знам англиски јазик…

Даааа…. тука веднаш се сетив на професорката од моето училиште со нејзиното вечно „Учи јазик! Тој ќе ти го отвори светот!“. Дури сега разбираме дека професорката имала право, а нам ни е жал што не сме ја слушале. Понекогаш самите си го отежнуваме животот не слушајќи ги советите. Но, што да се прави, да се учиме на своите грешки чини повеќе, но подобро се памти.

Светот кој што е пред нас стана уште подостапен! Јазикот секако треба да се научи, но во словенечките вискообразовни институции може да се направи тоа за време на студирањето во првата година од студиите.

Тоа е една од најголемите придобивки од студирањето во Словенија: по запишувањето на факултетот, пред почетокот на студиската година (која што тука почнува на 1 октомври) вие ќе имате време да посетите интензивен курс по словенечки јазик.

Ианку, за упис на словенечките факултети, сертифицирано знаење на јазикот не е потребно, освен на неколку студиски програми како што се: медицина, стоматологија, фармација, новинарство и на педагошките програми.

2. Немам добар просек…

Не е крај на светот доколку оцените од средното училиште не ви се најдобри.  Изговор секако има: ако се причината лошите оцени и вашата аверзија кон образовниот процес, тоа не е проблем. Надежта е секако во вашата желба за учење на нови работи и трудољубивоста и интересот кон избраната студиска програма и сето тоа ќе резултира со успешен и плодотворен образовен процес.

3. Студиите се многу скапи…

Можеби тоа сеуште не го знаат сите, но образованието во Словенија за државјаните на Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ, е бесплатно, врз основа на билатералните договори на овие земји со Словенија.

Што се однесува до тековните трошоци, тогаш околу 400 евра на месец ќе ви бидат сосема доволни доколку ги земете во предвид следните работи:

  1. сместување: 150 – 200 евра месечно;
  2. храна: околу 160 евра месечно (студентите во Словенија имаат бенефиции, повеќе за ова прочитајте овде);
  3. превоз: студентскиот билет за еден месец чини 20 евра (а во некои помали градови студентскиот месечен билет е сосема бесплатен);
  4. мобилен телефон: 10 евра месечно.

Како можете да покриете дел од трошоците?

Словенија е една од малкуте земји од Европската Унија, која што им овозможува на странските студенти да работат. Тоа е можно преку дражавната агенција „Студентски сервис“. Искуството придобиено преку студентската работа е првото работно ЕУ исуство за секој странски студент. Истотака, преку студентската работа голем дел од студентите сами си ги покриваат трошоците за храна, сместување, па дури и за патување по Европа.

4. Не ме пуштаат родителите…

Стравот на родителите е нормален, бидејќи сепак се работи за нивите деца.

Затоа ако е ваква вашата ситуација потрудете се да ја докажете својата зрелост високите цели и не настапувајте неразумно.

Пред да разговарате сериозно со родителите за вашата иднина, важно е детално да се запознаете со сите нивни контра аргументи. Во принцип, вие никогаш не сте живееле сами, а тука ем сте далеку од дома, ем јазикот не го знаете, ако ви треба некој нема кој да ви помогне, башка не знаете како да управувате со парите, ниту јајце да испржите! Дознајте повеќе за сите можни варијанти, за да можете да бидете подготвени да одговорите уверливо на сите аргументи.

Запознајте се детално со сите можни варијации за да бидете спремни да одговорите со силни аргументи.

Веднаш пополни ја пријавата за бесплатна консултација и нашите менаџери ќе ти помогнат:

  1. заедно да ги изберете студиските програми и факултетот на кој сакате да се запишете;
  2. да направите детален план, врз основа на вашите желби и амбиции;
  3. да ги добиете сите детални информации за студентскиот живот во Словенија.

Се гледаме во Словенија!

Алина Мурашкина

Бесплатная консультация специалиста

Свяжитесь с нами:



Ознакомиться с политикой компании по обработке персональных данных

Установка этого флага обязательна для отправки сообщения!

Установка этого флага обязательна для отправки сообщения!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х