Доколку се интересирате за добивање на квалитетно образование, за кое има побарување во Европа, ние ви препорачуваме да ја разгледате понудaта на вишите школи во Словенија. Студирањето на една од вишите школи во Словенија, е една од фазите на високо образование. Во овој текст ќе дознаете повеќе за придобивките што ги нудат словенечките виши школи и професиите кои се барани и можете да си стекнете овде.

Photo: Designed by @creativeart

Многу европски земји имаат недостаток на квалифицирани стручњаци. Оваа информација е значајна за секој матурант, бидејќи овој податок покажува дека дипломантот на виша стручна школа статистички има загарантирано пристојно работно место и развој во кариерата.

Освен стекнување со струка, дипломците на словенечките универзитети и на високите школи во текот на студиите совладуваат и странски јазици и учествуваат во програмите за меѓународна размена.

Квалитетната обука им овозможува на дипломците, да бираат каде сакаат да ја продолжат кариерата, во Словенија или во други европски земји. Многумина се враќаат  дома со европска диплома, високо ниво на знаења и многу нови контакти.

Ако ве интересира квалитетно образование, ви препорачуваме да обрнете внимание и на словенечките виши школи.

Предност на образование на словенечките виши школи

Како што наведовме, образованието добиено во Словенија е ценето во многу светски земји. Во тоа словенечките виши школи имаат свои предности и специфичности.

Матурантите се запишуваат на виша школа по завршувањето на средното училиште и успешно положен матурски испит – матура.  Образовниот процес е максимално усмерен кон праксата, на која и е посветено 40% од програмата (800 саати годишно). Студентите одат на пракса во локалните претпријатија и така  го завршуваат школувањето подготвени за реална работа. Не им е потребна дополнителна обука или друго стажирање.

Често по завршувањето на образованието студентите продолжуваат да работат во фирмите каде што имале пракса.

Школувањето трае 2 години (4 семестри) и се завршува со одбрана на дипломска работа.

Напоменуваме дека Словенија има потпишано билатерален договор со Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кој им овозможува на студентите од овие земји бесплатно студирање. Тоа значи дека, студентот и неговото семејство мораат само да обезбедат сместување во Словенија. Сите странски студенти имаат посебни попусти на храната и на превозот, имаат право да работат и да студираат, а добиваат и дозвола за престој врз основа на студиите.

За секого по нешто: програми на словенечките виши школи

Во Словенија постојат 47 виши школи во различни делови на земјата. Секоја година на нив се запишуваат преку 10 000 студенти.  На располагање имаат 155 студиски програми, од економија до роботика. Најпопуларни се техничките струки, како и смеровите поврзани со ИТ и туризам.

Програмите велнес, туризам и угостителство се сеповеќе популарни. Дипломците на овие смерови лесно наоѓаат работа како во Словенија, така и во целиот свет, благодарејќи на здобиеата висока квалификација во основната струка и со знаењето на минимално два странски јазици.

Дипломата од смерот геотехнологија и рударство сигурно ќе обезбеди вработување, бидејќи во оваа област постојано има дефицит на кадар. Таква е и ситуацијата со стручњаците во областите како: авиомеханика, електроника, мехатроника и машинство.

За да добиете детални информации завишиоте школи во Словенија и нивните програми, обратете се на стручњаци во фирмата 2ТМ – тие се подготвени да ви дадат детално советување!

Анастасија Пименова

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!


КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х