На 24 март 2020 година за време на вечерната сесија, владата дискутираше за првиот поопсежен законодавен пакет за помош на населението и економијата, таканаречен #protiKoronapaket #PKP1. Владата утврди мерки за подготовка на мега закон од две милијарди, насочени кон ублажувањето на последиците од епидемијата на коронавирусот врз жителите и економијата.

Photo: pixabay/Sleepwright

Покритието на сите придонеси на работниците, основните месечни приходи за самовработените, намалувањето на платите на службените лица за 30% и солидарниот додаток за пензионерите, се меѓу најистакнатите мерки што владата ги постави за да ги ублажи последиците на кризата. Здруженијата на интереси ги поддржуваат и чекаат понатамошни мерки.

Пакетот на мерки тежи околу две милијарди евра, рече Матеј Лаховник, кој ја предводи владината советничка група: „Ова е најголемата економска интервенција во историјата на словенечката држава, но и сите други земји го прават истото“.

Болeдувањата ќе бидат платени од здравствениот фонд уште од првиот ден, што покрај плаќањето на придонеси сигурно ќе ги разбремени компаниите. Ова е чекор кон одржувањето на вработеноста и овозможува наградување.

Оние кои што работаат од дома поради грижа за децата или кои што не се во можност да работат заради прекинувањето на јавниот превоз или затворањето на границите ќе имаат право на 80% од својата плата за последните три месеци, како и работниците кои се на чекање.

Секој што ќе ја изгуби работата за време на епидемијата, автоматски има право на бенефиции за невработеност уште од првиот ден – од минимум 530 до максимум 892 евра бруто.

Надоместокот за сите боледувања за време на епидемијата од првиот ден го покрива ZZZS (Zavod za zdravstveno zavarovanje Slovenije – Завод за здравствено осигурување на Словенија), а не работодавачот. Вработените на критични работни места по одлуката на надлежните органи ќе добијат надоместок за опасна работа и дополнително бреме од 10 до 200 проценти од основната плата. Вреди да се спомене дека од 1 јануари 2020 година минималната плата е 940 евра бруто или 700 евра нето.

Владата ќе одвои нешто повеќе од 66,6 милиони евра за 292.093 пензионери. Така што на 104.714 лица кои имаат пензии под 500 евра, на 15 април 2020 година, им се ветува додаток од 300 евра, 108.491 пензионери со пензии меѓу 500 и 600 евра ќе добијат 230 евра, а 78.891 од оние кои примаат меѓу 600 и 700 евра пензија ќе добијат 130 евра.

Извори: delo.si, delo.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х