„Во Словенија ќе добиете многу бидејќи образовниот систем е одлично организиран и кредитно добро валидиран“ – Ирена Нанчовска Шербец, универзитетски професор на Педагошкиот факултет во Љубљана

Математиката ми беше прекрасна и додека учев во математичката гимназија во Охрид учествував во бројни математички натпревари. Jа имав таа среќа уште тогаш да програмирам во средно училиште, што е сега реткост“ – вака Ирена Нанчовска Шербец се сеќава на своите гимназиски денови во родната Македонија, а денеска универзитетски професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија.

Photo by: Ирена Нанчовска Шербец

Со професорката Ирена Нанчовска Шербец разговаравме за нејзините почетоци во Словенија како студентка, стереотипите со кои се соочувала на професионалниот пат и организираноста на словенечкиот образовен систем.

Патот до успехот и стереотипите за жени инженери

Иницијативата да дојдам на студии во Словенија дојде од некој кој веќе беше таму на студии, тој случајно беше дечко на мојата најдобра пријателка. Се одлучив за компјутерските науки, кои уште во време на Југославија во Словенија беа на високо ниво. Тоа беше време кога работеа фирмите Искра и Делта, кога Словенците имаа компјутери, а во Македонија беа реткост.“ – вели професорката Шербец, пресметувајќи колку години е во Словенија и додава, овде сум од 1986 година, значи точно 34 години.

Пред да замине од родниот Охрид во Љубљана имала страв од непознатото, но набрзо по пристигнувањето во Словенија се навикнува на новата средина и без тешкотии го научила словенечкиот јазик: „Искрено мислам дека сум перфекционист по природа… и ден денес кога почнувам со предавањата, како да имам некоја кнедла во грлото, но сепак кога работиш стручно доминира токму твоето знаење и не е тешко да го манифестираш“. – објаснува Нанчовска Шербец.

Ирена била солиден студент на факултетот за компјутерски науки и информатика, за кој вели дека и ден денес е најпривлечен за студентите од Балканот. Во текот на студиите била дел од истражувачка група за вештачка интелигенција во соработка со Институтот Јожев Стефан. Кога дипломирала работела како асистент стажист на компјутерски науки на истиот факултет, а всушност била вработена во лабораторијата за електротехника.

Во тоа време тоа било еден факултет, а кога тој се поделил на две институции Ирена останува да истражува во електротехниката: „mојот докторат е мултидисциплинарен и апликативен, поврзува две различни подрачја. Употребував знаења од компјутерски науки, на пример авторегресиски модели, невронски мрежи и моделирав сигнали – временски серии“.

Како прво беше стереотипно да работам како женско на електротехника, потоа како Македонка меѓу Југословени и на крајот како компјутерџија меѓу електротехничари. Значи, сите три стереотипи беа присутни и можеби на некој начин необични. Во времето кога го пријавив докторатот ми се роди и девојчето и се соочив со двојно бреме. Сакав сосема да се предадам на докторатот и истовремено да се предадам на мојата нова улога, на мајчинството. Но, самата тема на моделирање на временски интервали, за мене и ден денес е привлечна, така што не ми беше тешко. Ние женските имаме убава особина, кога сакаш, ништо не е тешко. Во тоа време се оформи и мојата професионална идентификација и ми беше јасно дека сакам да работам како професор. Токму од тие причини, од инженерските води се префрлив на друг факултет, на педагошкиот“ – раскажува професорката Шербец.

На Педагошкиот факултет, на катедрата за компјутерски науки, таа покрива од 10 до 12 предмети годишно. Објаснува дека предметите како што се вовед во програмирањето, употреба на вештачка интелигенција во образованието или креативна употреба на технологија за сите учители и овозможуваат креативно да размислува како професор и додава: „јас си ја сакам својата струка и задоволна сум што сум тука. Кога предаваш твојата желба да работиш како професор доминира и можно е сѐ“.

За образованиот систем и словенечкиот менталитет

Мислам дека лично мене Словенија ме рационализираше. Некои нивни особини би ги променила, на пример нивниот затворен менталитет, додека за нас, ме боли кога размислувам какви сме, бидејќи не знаеме да се рационализираме. Добро е да се акцентира тоа што Словенците од германскиот менталитет ја купиле организацијата и затоа нивните образовни системи се навистина уредени. Се знае што е што и се знае што се очекува, и тоа е нешто што македонскиот образовен систем треба да го добие.

Ирена Нанчовска Шербец има порака до идните студенти во Словенија: „Доколку сте по природа такви да размислувате дека во животот треба да работиш, да се трудиш, да сметаш на твоите ментални можности, на својата чесност, нека дојдат. Тука ќе добијат многу, бидејќи образовниот систем е одлично организиран и кредитно добро валидиран. Сметам дека кога организацијата и начинот на образование би го имплементирале долу, нашиот Балкан ќе биде уште поорганизиран и поубав.

Ние Балканците сме посебни и имаме некои особини кои можеби другите ги немаат, затоа мислам дека идните студенти се способни да дојдат тука и убаво е да дојдат“ – додава универзитетската професорка со македонско потекло.

Полнење на батериите во родниот Охрид

Јас сум Македонка која има словенечко државјанство и Охрид е мојот дом. Еднаш годишно одам во Македонија и имам среќа во текот на летото одморот да го користам концентрирано, па така таму останувам барем три недели, да си ги наполнам батериите.

Доколку ги споредам вредностите или атрибутите кои ми недостасуваат, на прво место е фамилијата, а на второ место можеби начинот на комуницирање кој го имаме ние Македонците, кој е многу понепосреден и топол“ – завршува Ирена Нанчовска Шербец.

Автор: Лидија М. Кустербајн

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х