За продуктивно да учите, работите и да уживате во животот во сите негови форми, треба да бидете здрави. Во оваа статија ќе ви раскажеме за тоа како да го зачувате своето здравје и да создадете услови за долг и активен живот.

1. Не се прејадувајте

Малиот внес на калории ја зголемува должината на животот и ја намалува веројатноста од појава на разни болести. Ограничувањето на калории може да доведе до намалување на вишокот на килограми, кои што доведуваат до скратување на животот. Но не претерувајте многу нискиот внес на калории може да предизвика негативни ефекти: преголем апетит, снижена температура и намалено либидо.

2. Јадете јаткасти плодови

Јаткастите плодови се богати со белковини, антиоксиданси, влакна, и корисни растителни супстанци. Покрај тоа тие се одличен извор на многу витамини и минерали, такви како бакар, калиум, фолна киселина, нијацин, и витамините В6 и Е. Многубројните истражувања покажуваат дека јаткастите плодови помагаат при лечењето на болести на срцето, го намалуваат притисокот, го лечат воспалението, го олеснуваат дијабетисот, го подобруваат метаболизмот, го намалуваат новото на маснотии во пределот на абдоменот и дури лечат некои видови на рак. Според податоците од едно истражување, кај луѓето, коишто употребуваат не помалку од три порции јаткасти плодови неделно, ризикот од предвремена смрт е намален за 39%.

3. Употребувајте куркума

Овој зачин содржи јак биолошки активен додаток – куркумин. Се смета дека тој благодарение на своето антиоксидантно и антивоспалително својство, може да го поддржува нормалното функционирање на мозокот, срцето и белите дробови а исто така и да заштитува од рак и други болести поврзани со возраста. Без разлика на тоа што истражувањата сеуште се извршуваат само на животни, куркуминот како што се предвидува ќе им помогне и на луѓето подолго да живеат.

4. Јадете повеќе здрава растителна храна

Употребата во храната на разни растителни производи, како што се овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семиња, мешункаст зеленчук, може да го намали ризикот од развој на заболувања и да го продолжи животот. Многубројните истражувања ја поврзуваат диетата богата со растенија со понискиот процент на предвремена смрт, а исто така и со намалениот ризик од развој на рак, метаболички синдром, срцеви болести, депресија и мозочни дисфункции. Овие ефекти се поврзани со хранливите материи и антиоксидансите во растителната храна, коишто вклучуваат полифеноли, каротиноиди, фолати и витамин Ц.

5. Бидете физички активни

Само петнаестина минути на ден вежбање можат да ви обезбедат дополнителни три години живот. Покрај тоа, за сметка на уште петнаесет минути плус секојдневна физичка активност може да го намали ризикот од предвремена смрт за 4%.

6. Немојте да пушите

Општопознато е дека пушењето директно е поврзано со болестите и прераната смрт. Пушачите можат да изгубат и до десет години од својот живот и умираат за трипати почесто од тие кои што не пушат. Запомнете дека никогаш не е доцна да ги оставите цигарите! Во едно истражување се вели дека луѓето коишто ќе се откажат од пушење до 35 години, можат да си го продолжат својот живот до 8.5 години.

7. Не претерувајте со алкохолот

Употребата на алкохол во големи количини е поврзано со заболувања на црниот дроб, срцето и панкреасот, а исто така и го зголемува ризикот од прерана смрт.

8. Размислувајте позитивно

Среќните луѓе ги намалуваат шансите за прерана смрт за 3.7%. 35 истражени лица покажале дека среќните луѓе можат да живеат за 18% подолго од не толку среќните луѓе.

9. Избегнувајте го стресот и не се вознемирувајте

Вознемиреноста и стресот можат значително да го скратат животот. Па така жените кои што се изложени на прекумерен стрес или вознемиреност, двапати повеќе умираат од болести на срцето, мозочен удар или рак на бели дробови. Ризикот од предвремена смрт на мажите коишто се соочуваат со стрес и вознемиреност е за трипати повисока од нивните по спокојни пријатели. Чувството за хумор и оптимизмот се клучните фактори за надминување на стресот и вознемиреноста.

10. Одделете си навечер по осум до девет часови за спиење

Сонот има решавачко значење за регулирање на функцијата на клетките. Според некои истражувања, хроничнота ненаспаност го зголемува ризикот од смртност за 12%. Недостатокот на сон ги стимулира воспаленијата и го зголемува ризкот од развој на дијабетис, срцеви болести и прекумерна тежина. Исто така имајте во предвид дека повеќе од 8-9 часови сон дневно го скратува животот до 38%. Прекумерниот сон е поврзан со депресија, ниска физичка активност и неоткриени заболувања.

Следете ги овие совети и живејте долго и среќно!

Извор: student.si

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање