Ние многупати ви раскажувавме за придобивките од комбинацијата на студирањето и работата. Во оваа статија ќе ви дадеме корисни совети во врска со вашите активности откако ќе одлучите да почнете да работите. Незаменлив помошник во таа работа е Студентскиот сервис. Па така:

Photo: pixabay/kaboompics

Како да најдете соодветна работа?

Првиот чекор е најважен. Во принцип треба да одлучите, со што сакате да се занимавате. На веб страните на студентските сервиси можете да најдете најразлични огласи за работа. На некои веб страни не можете да се регистрирате и да добивате навремени информации за нови огласи за работа преку еклектронска пошта или преку месинџер. Кога ќе се одлучите, што би сакале да работите на веб страната можете да најдете контакт информации од работодавачот. За да добиете пристап до контакт информациите, потребно е да се регистрирате. За регистрација потребаен е личен документ и потврда дека сте запишани на некоја образовна институција. Во зависност од конкретниот студентски сервис, процедурата за регистрација е различна. Можеби ќе има потреба да го посетите одделението, или сето тоа ќе можете да го завршите онлајн.

„Што можам да работам?“

Практично што било. На веб страните на студентските сервиси има голем број на огласи за работа. Можете да си избирате соодветни огласи според саатницата којашто ја плаќаат, периодот на вработување, распоредот за работа, сферата на дејноста, местоположбата на работното место и така натаму. Вие имате избор помеѓу краткорочни (дегустации, промоции, работа на склад) и долгорочни (продажба, услужна дејност, достава, административна работа) отворени огласи. Некои огласи предвидуваат работење од дома (предавање, веб дизајн, пишување на статии).

При барањето на работа посветете доволно внимание на барањата, објавени од страна на работодавачите. Постои можност, тој да побара да имате работно искуство, стручно образование, возачка дозвола… Во било кој случај, вие морате да имате однапред добро подготвено резиме.

Ако имате среќа, ќе успеете да најдете работа според својата идна специјалност. Во тој случај ќе имате реална шанса да се стекнете со добра препорака, можност да посетите задолжителна практика и (често) повисока саатница за вашата работа.

Придобивките од работа за студенти

Можеби вреди да ги наброиме истите уште еднаш. Безусловно, најзначајната придобивка е искуството. Вие ќе се стекнете со нови вештини во определена област, ќе се запознаете со многу нови луѓе и воедно ќе разберете со каков труд се заработуваат парите.

Најважните вештини, со коишто ќе се стекнете:

  1. комуникативност,
  2. тимска работа,
  3. одговорност,
  4. сериозност,
  5. реторика,
  6. повишување на нивото на знаење на странскиот јазик, и така натаму.

Од работата студентите имаат и индиректна придобивка:

  1. почеток на кариерата и самостоен живот (на финансиски план),
  2. чувство на безбедност и независност,
  3. вештина да се испланира слободното време,
  4. намаленија и бонуси,
  5. широк круг на другари и познаници,
  6. посодржинско резиме.

Ви посакуваме успех во потрагата по работа, којашто ќе ви лежи на срце, и којашто ќе има придонес за вашиот професионален развој и достигнувања!

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х