Се одлучивте за додипломски или магистерски студии во Словенија, а ве загрижува непознавањето на словенечкиот јазик и како ќе се прилагодите на новата јазична средина? Не грижете се, словенечкиот јазик е сроден со другите словенски јазици, така што со добра волја и посветеност брзо се учи.

Photo: unsplash/You X Ventures

Идните странски студенти имаат на располагање неколку опции за учење на јазикот, во зависност од тоа кое ниво на знаење сакаат да го постигнат.

Year plus – подготвителна академска година

Year Plus им овозможува на странските редовни студенти кои прв пат се запишале на факултет во Словенија, повторно да се запишат во прва година од студиите поради недоволно познавање на словенечкиот јазик. За да можат да го искористат тоа право, запишаните студентите во Year Plus програмата треба да положат предмети од својата студиска програма со најмалку 24 ECTS точки, плус 6 ECTS точки од испитот по словенечки јазик.

Учењето на словенечкиот јазик во рамки на Year Plus програмата е бесплатно и тоа тече истовремено со редовните студии во првиот и вториот семестар. Оваа програма не е наменета за студентите кои се запишуваат на програмите каде што се бара знаење на јазикот на Б2 ниво. Курсот за словенечки јазик во рамки на Year Plus им овозможува на странските студенти полесно вклучување во средината и оптимален напредок во знаењето на јазикот.

Јазикот се учи во групи од по најмногу 20 студенти, а присутноста на часовите е задолжителна. По завршувањето на курсот, студентите не добиваат сертификат за учење на јазикот, туку потврда за завршени обврски во рамки на програмата Year Plus.

Оваа програма се изведува само на Универзитетот во Љубљана и на Универзитетот на Приморска и бројот на места е ограничен.

Така на пример Универзитетот во Љубљана оваа година распиша 839 места за странски студенти, а предвидениот број на места за Year Plus програмата е 300. Пријавата за оваа програма ќе биде отворена во текот на септември 2020 година, односно до пополнувањето на сите места.

Други можности за учење на словенечкиот јазик

Доколку почнувате од нула или имате мали предзнаења, друга можност за усовршување на словенечкиот јазик е да се запишете на еден од курсевите кои ги организира 2ТМ, а се акредитирани од Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија.

2ТМ организира квалитетни курсеви за изучување на словенечкиот јазик кои се поделени во неколку групи во зависност од потребите на идните студенти: интензивен, интензивен+, продолжителен, полугодишен и годишен курс. Курсевите се организирани на две локации, во Љубљана и во Марибор, а групите вклучуваат до 15 лица.

Програмата за учење на словенечкиот јазик е фокусирана на основите на граматиката, проширување на речникот, правилен нагласок, правопис и говорни вежби преку симулација на типични комуникациски примери.

За повеќе информации како да се пријавите пишете ни на education@2tm.si или исполнете го образецот под овој текст.

Автор: Лидија М. Кустербајн

Консултации со стручњак

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х