Тешко ли е да се студира во странство? Не е лесно, особено ако постои и јазична бариера. Како и да е, образовните установи во Словенија се грижат за студентите и им овозможуваат да студираат и истовремено да го учат и јазикот. Новина во 2018 година беше отпочнувањето на програмата YearPlus на универзитетите во Љубљана и во Приморска. Во оваа статија ќе ја претставиме оваа програма и ќе ги прикажеме предностите за странските студенти.
Photo: Designed by @wavebreakmedia
Замислете ја следнава ситуација – ве примија на посакуваниот универзитет во Словенија. Но, не го знаете словенечкиот јазик. Што ќе направите?
Првата и една од најдобрите е да почнете со јазичен курс. Зборуваме за 100-часовен интензивен курс пред да почне академската година. Часовите се од средината на август до 1 октомври. За време на курсот, ќе ја добиете потребната основа за да почнете со учењето на јазикот.
Втората опција е да одите на подолготраен јазичен курс. Курсевите траат од 6 до 12 месеци. Програмата е приспособена за говорители од словенските јазични подрачја и не само што ќе ви овозможи лесно да се вклопите во средината туку и успешно да го положите испитот по словенечки јазик на универзитетот.
Трета опција е јазичната студиска програма за странски студенти на самиот универзитет. Ја конципираат и таму предаваат стручњаци кои работат во високообразовните установи, што значи дека тие користат професионален речник и терминологија кои мора да ги научите. Оваа програма се вика YearPlus и таа почна да функционира во 2018 година. Нејзина задача не е само да обезбеди продлабочени јазични курсеви, туку и да подготви стручњак кој ќе го стекне потребниот речник за полесно да се усоврши во професијата што ја избрал. Ова е најтешкиот аргумент во корист на словенечките јазични курсеви на вашата образовна установа.
Учесниците во програмата YearPlus се студенти во прва година на избраната студиска програма и во исто време, тие слушаат детален јазичен курс со цел да го научат јазикот на земјата во која моментално живеат. На крајот од академската година, ќе бидат способни да го покажат нивото на словенечкиот јазик, со тоа што ќе полагаат испит по словенечки.
Во 2018 година оваа програма беше достапна само за студентите од универзитетите во Љубљана и во Приморска.
Клучни услови за учество во програмата:
Разликата помеѓу програмите YearPlus на универзитетите во Приморска и во Љубљана во тековната академска година е само во крајните рокови за пријавување за учество. Па, така апликациите на Универзитетот во Љубљана се примаа до 5 октомври 2018 година, а на Универзитетот во Приморска – до 30 октомври. Според претставниците на универзитетите, најголем број пријави пристигнале од студенти на програмите по Економија и Менаџмент. Освен тоа, YearPlus е популарна и кај студентите на програмите по Туризам, како и кај бруцошите на Факултетот за електроинженерство, ИТ и математика. И двата универзитета се пријатно изненадени што овој нов едукативен производ за кратко време наиде на толкав интерес.
Овој период, универзитетската администрација почна со подготовка на програмата за следната академска година. Ви ветуваме дека навреме ќе ве известиме за условите за учество во оваа програма. Редовно посетувајте ја нашата веб-страница!
Олга Шумакова