Поради новонастанатата состојба со корона вирусот, словенечката Влада издаде уредба за привремена забрана на собирање на луѓе во сите државни и приватни образовни установи, која стапи на сила во понеделникот на 16.3.2020.

Photo: pixabay/poropkar

За да нема прекин на наставата, словенечките факултети непречено ја продолжуваат својата педагошка работа преку онлајн предавања, е-училници и видео конференции. Современите електронски платформи за едукација, кои Словенија ги употребува подолго време, во моментов се користат како мерка за заштита против ширење и превенција од новиот вирус меѓу студентите.

Пријавните рокови за упис на додипломски и магистерски студии за граѓаните на Македонија остануваат непроменети, односно пријавувањето е во тек.

Дека нема простор за паника за пријава на студии во Словенија, во изјава за „2ТМ“ смирува и Алеш Овен, помошник ректор на Универзитетот на Приморска: „На нашиот универзитет сеуште ја изведуваме наставата, овој пат на далечина. Работиме во насока сите активности по враќањето во универзитетските простори што поскоро да се воспостават на стариот колосек. Ги донесовме и потребните уредби за непречено да течат пријавите на идните студенти, а при тоа се усогласуваме и со Министерството за образование, наука и спорт. Нашата уписна служба е сеуште на располагање за дополнителни појаснувања и помош. Ние веруваме дека ситуацијата ќе се смири до октомври, кога ќе ги пречекаме студентите во Копер исто како и секоја година“.

И во GEA College-от во Љубљана, партнерска институција на 2ТМ, целата настава во моментов се одвива преку интернет. Директорот за развој Рок Кожељ, вели дека здравјето на нивните студенти и нудењето на квалитетно образование се нивни приоритети. „Ние сме оптимистични. Веруваме дека следната студиска година која почнува во октомври ќе почне нормално и во веќе поставените педагошки рамки. Секако се веселиме и на доаѓањето на странските студенти. Пријавниот рок и за домашните и за странските студенти тече непречено, затоа евентуалните грижи за оние кои сакаат да дојдат да студираат кај нас се непотребни.“ – додава Кожељ. Во очекување нашите животи што поскоро да се вратат во нормала, Кожељ упатува порака до сите да останеме здрави.

2ТМ ги известува сите идни студенти и нивните родители дека и ние продолжуваме да работиме непречено. Предност на нашата дејност е токму работата и комуникацијата со нашите странки на далечина.

Затоа, во услови на заштитни мерки за сите, во 2ТМ остануваме посветени на нашата мисија. Секојдневно ги следиме сите нови информации и евентуални промени во активностите на универзитетите. Тука сме за вас заедно да ги избереме студиските програми, да ја поднесеме потребната документација, да ги испочитуваме сите рокови. Не двоумете се дали да дојдете оваа година на студии во Словенија!

Во меѓувреме, останете дома, а грижата за уписот препуштете ни ја нам!

Автор: Лидија М. Кустербајн

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х