На секој човек му е својствено да заборава информации. Во врска со тоа ве советуваме да обратите внимание на современите технологии, кои што ќе ви помогнат во тренирањето на меморијата и запомнувањето на голем дел од информациите. Ви предлагаме со таа цел да ги испробате следните пет бесплатни апликации кои што се предложени од сајтот Fast Company.

Photo: Unsplash/Caspar Camille Rubin

Користете ги програмите „Напоменувачи“

Програмата Reminder ќе ви помогне правилно да го организирате своето време на операциониот систем Apple; свој придонес исто така ќе дадат и гласовниот асистент Siri или Google Асистент. Ваквите програми помагаат не само рационално да се користи времето туку и подобро да се ориентирате во просторот. На пример со нивна помош телефонот ќе ве извести кога ќе влезете во продавница да домашни миленици дека треба да купите храна за кучето нешто што вие веќе сте го запишале во еден од потсетниците.

Вежбајте го мозокот

Ако барате програма за тренирање на мозокот и развој на меморијата тогаш апликацијата  Peak е тоа што ви треба. Бесплатната верзија ви предлага компилација од игри кои што ќе ви помогнат да го проветрите мозокот, да ја подобрите меморијата, да се апстрахирате од секојдневните работи, верзијата што се наплаќа од оваа апликација ќе ви овозможи да го персонализирате вашиот профил и ќе ви ги предложи тие игри кои што ви се потребни во дадениот момент.

Спојте ги лицата со имињата

Ако во вашиот мобилен телефон има многу контакти кои што тешко можете да ги персонализирате тогаш апликацијата Covve е решението на вашите проблеми. Апликацијата работи на двата операциони системи: Apple и Android. Таа овозможува да пребарувате податоци за персонализираните контакти по интернет, да гледате новости за нив и да составувате кратки забелешки, кои што овозможуваат да се пребара потребното лице. Апликацијата исто така ги собира фотографиите на сите лица кои што ги имате во листата на контакти и дури ги мониторира фотографиите на страниците на социјалните мрежи. На обичните корисници сосема ќе им биде доволна бесплатната верзија. Верзијата која што се плаќа ќе им овозможи да се прошири пребарувањето на информации за луѓето од вашиот именик и ќе им направи „дигитален портрет“.

Запишувајте

Некои луѓе не можат без да ја запишуваат потребната информација на парче хартија. Во дигиталната епоха се појавија електронски дигитални апликации, кои што овозможија запишување на потребните информации директно на екранот. За Android постои апликација Squid, а за корисниците на Apple – PocketJot. Апликациите овозможуваат празни електронски листови, на кои што вие можете да ги запишувате своите мисли, идеи и важни настани, кои што не треба да ги заборавите. Овие апликации се „бележници“ на вашите идеи и важните податоци.

Користете интервално повторување

За тие кои што користат Google Chrome, одличен начин за добивање на информациите од различни извори е апликацијата Hibou (Chrome Web Store). Hibou го отелотворува концептот на „интервално повторување“. Апликацијата повторно ќе ви ја покаже содржината која што вие сте ја барале но за која што можеби веќе сте заборавиле. Прво апликацијата ќе ви испрати напомена после неколку дена, потоа интервалите на потсетување се зголемуваат. Интервалите на потсетување се прилагодуваат што ќе ви овозможи да ги прилагодите со својот дневен распоред.

Извор: svetkapitala.delo.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х