Ако правилно го организирате своето време, можете успешно да го искомбинирате учењето, слободното време и работата, којашто ќе ви обезбеди дополнителен приход. Во оваа статија ќе ви раскажеме за начините, коишто ќе ви помогнат racionalno да ги трошите заработените пари.

Photo: pixabay/stevepb

Работа за студенти

Без разлика на тоа што ваша главна задача како студент е да учите, вие можете да одвоите дел од своето време за подработување, коешто ќе ви обезбеди дополнителен приход. Работата е многу важна пореди повеќе работи, на пример, ја овозможува вашата финансиска независност, и како резултат на тоа им овозможува на родителите да заштедат малку пари; отвора одлична можност да се запознаете со пазарот на трудот и да воспоставите контакти, коишто подоцна ќе ви помогнат во градењето на кариерата, а исто така помага при оформувањето на професионалните и социјалните вештини. При тоа треба да си поставите приоритети, бидејќи успешното завршување на студиите останува клучна задача. Пред да започнете да работите уверете се дека тоа нема да им пречи на вашите студии и на други важни работи а вас (ако правилно го организирате своето време, се може успешно да се вклопи!).

Огласите за работа коишто ќе ви одговараат најмногу можете да ги најдете на следните веб страни: mojedelo.com, studentski-servis.com и adecco.si. Пред да започнете да работите, без разлика на спецификата на работата треба да ги договорите со работодавачот вашите работни обврски, распоредот на работа и колку е платена таа работа пресметано по час работа. Тука ќе ви помогнат студентските сервиси, коишто обезбедуваат дополнителна поддршка при можни проблеми. Соодветно да се воспостават искрени взаемни односи со работодавачот и своевремено да се разговара за можните непријатности. Минимална саатница загарантирана со закон за студентите денес изнесува: 5,40 евра бруто. Оваа сума ќе ја добиете на вашата сметка во нето износ од – 4,56 евра на час, а разликата (0,84 евра) е уделот во пензискиот фонд и фондот за инвалидитет (подетално за ова може да прочитате на веб страната на студентските сервиси).

Пресметка на расходи

Постојат неколку начини за контрола на своите расходи. Ако сте педантен човек, можете да го запишувате секој трошок во тетратка, тефтерче, таблет или на смартфон, да отворите нов документ со пресметка на трошоците а на крајот од месецот да направите анализа на трошоците на своите средства (на храна, облека, студии, патувања, сместување, забава, и така натаму). Откако ќе откриете дека за некоја работа трошите многу пари, вие ќе можете да воведете месечно ограничување за одредени категории на трошоци. Ако ви е поедноставно да употребувате апликации за мобилен телефон, можете да го изберете Toshl.

Разумно купување

Рекламата често не убедува, дека без некој производ нема да можеме (иако во реалноста тоа воопшто не е така). Како да се воздржуваме од многубројните предизвици и да купуваме разумно? Тука ќе ви помогнат долунаведените совети (особено – при купувањето на гардероба, обувки и модни аксесоари):

  1. Поставете си прашање дали навистина ви е потребен тој производ?
  2. Што се подобрува во вашиот живот по купувањето на тој производ?
  3. Има ли можност да се земе тој производ под наем или да го купите половен?
  4. Нема ли да доведе купувањето на тој производ до негативни последици по здравјето и безбедноста на животната средина?
  5. Дали купувањето ќе ги потроши финансиските средства?
  6. „Правило десет секунди“: пред да отидете на каса, застанете десет секунди во место и уште еднаш размислете, дали ви е потребен имено тој производ.

Евтино и притоа полезно

Република Словенија е една од малкуте земји, каде што студентите имаат можност да се хранат со бонови. При тоа вие можете да се храните дома, купувајќи производи и готвејќи си оброци самостојно. Ако претпочитате ваков начин на исхрана, земете ги во предвид следните совети:

  1. Купувајте производи според список, а не „со празен желудник“.
  2. Пред пазарењето дознајте за акциите и попустите.
  3. Прехранбени производи, чиј што рок на траење брзо ќе истече, или чинат поевтино од други причини, на пример поради оштетено пакување, неправилна етикета, неубав изглед, сеуште се добри за јадење. Пример за добра пракса по ова прашање е продавницата Robinfood.
  4. Внимателно читајте ги етикетите, обрнете внимание на хранливата вредност и составот на производот. Потрудете се да купувате здрави прехранбени продукти. Во ова ќе ви помогнат бесплатните мобилни апликации: Fooducate, Honest Label, Pic Healthy, True Food.
  5. Гответе заедно со другарите или колегите на тој начин ќе можете да го поделите трошокот. Исто така не ги занемарувајте пратките од родителите, коишто можете да ги донесете со себе, кога ќе одите дома на викенд или за време на распустот.

Бонуси во банките

Банките, коишто имаат добра политика за работа со студентите, предлагаат бонуси при отварањето на сметка или дури при земање на кредит. Во 2019 година списанието Moje finance го објави списокот на најповолните банки за студенти. Со земање во предвид на дванаесет банкарски услуги помеѓу петнаесетте словенечки банки првите десет места ги заземаа: Hranilnica Lon, Gorenjska banka, Abanka, Delavska hranilnica, Primorska hranilnica Vipava, SKB, NKBM, DBS, Addiko и Sparkasse. Во истражувањето, коешто беше спроведено од страна на новинарите од списанието, се наведува дека најмногу (повеќе од 20 проценти) студенти-клиенти има во банките Gorenjska banka и SKB, по нив следува Abanka (13% клиенти-студенти). Најповолен кредит за студентите во 2019 година имала банката NLB, а најповолни услови за депозит имала банката – Hranilnica Lon.

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х