Хроничниот дефицит на време е една од „болестите“ на XXI век. Учејќи или работејќи, ние не наоѓаме можност да се сретнеме со другарите, со кои што порано сме биле многу блиски, телефонските разговори со роднините се се поретки, а изговорите зошто не можеме да јадеме сите заедно со семејството се се почести…

Photo: Unsplash/CLukas Blazek

Зошто се случува така? Зошто некои луѓе за 24 часа можат да постигнат се што испланирале а други се во постојан стрес затоа што не успеваат да ги завршат сите работи кои што ги испланирале?

Одговорот лежи во делот од психологијата, кој што може да се определи како менаџирање на времето, што подразбира низа модели на однесување и стратегија, чија цел е ефективно да се користи времето со употреба на насочени активности. Владеењето на овој процес овозможува за многу кратко време да се постигне максимум од тоа што е можно.

Научниците разработиле многу теоретски модели за менаџирање на времето. Автор на еден од нив е 34-от претседател на Соединетите Американски Држави (1953-1961) Дејвид Двајт Ајзенхауер. Принуден секој ден да носи сложени решенија, тој разработил посебна „тактика“, која што подоцна е наречена матрицата на Ајзенхауер.

Матрицата изгледа како четири квадратчиња, кои што се добиваат при пресекувањето на оската „Важно и не важно“ по хоризонтала и „Итно и не итно“ по вертикала.

Како да ја користите оваа матрица? Едноставно распределете ги тука своите работи (на пример, дневните работи) во сооднос со нивната важност и итност.

Квадрат A: важни и итни работи

Во првиот квадрат треба да се напишат:

  1. неисполнети работи кои што негативно влијаат на постигнувањето на поставените цели,
  2. неисполнети работи кои што може да бидат причина за непријатности и усложнување,
  3. работи кои што имаат врска со здравјето.

При идеално планирање овој квадрат на матрицата треба да се остави празен, бидејќи појавувањето на важни и итни работи е показател на неорганизираност и допуштање на пропусти. Овој квадрат кај многу луѓе се пополнува заради нивната мрзеливост и неправилната распределба на приоритетите. Нормално дека од време на време вакви работи може да му се појават на секој човек, но ако се случува тоа секој ден тогаш треба да посветите малку време на самодисциплина.

На тој начин, појавувањето на работи во квадратот А треба да се избегне. За тоа треба навреме да се пополнат останатите квадрати.

Квадрат B: важни, но не итни работи

Вториот квадрат заслужува најмногу внимание, бидејќи работите кои што се наоѓаат во него се најприоритетни и перспективни и имено од нив треба да се состојат секојдневните задачи на секој човек. Забележано е дека луѓето кои што се занимаваат првенствено со работи од овој квадрат, ги достигнуваат во животот најголемите успеси, напредуваат во работата, заработуваат повеќе пари, имаат доволно слободно време, и живеат среќен и исполнет живот.

Искусните специјалисти по менаџирање на време препорачуваат да се вклучат во квадратот В сите тековни работи поврзани со основната дејност, планирање, анализа на работата, образовни и спортски активности запазување на оптималниот распоред и режимот на исхрана.

Квадрат C: итни, но не важни работи

Работите кои што се наоѓаат во овој квадрат, во голема мера се деконцентрирачки и никако не го доближуваат човекот до посакуваниот резултат. Многу често тие не дозволуваат концентрирање на вистински важните задачи и ја намалуваат ефективноста. Важно при работата со матрицата да не се помешаат итните работи од квадратот С со итните работи од квадратот А. Инаку ќе дојде до недоразбирање и тоа што треба да се заврши прво ќе остане во втор план. Секогаш учете се да го разликувате важното од второстепеното.

Во квадратот С може да се стават и наметнати од некого средби или преговори, празнување на родендени на не многу блиски луѓе, ненадејни проблеми по дома, отстранување на животно важни но фактори кои што бараат внимание (се скршила вазната, се расипала микробрановата печка, прегорела сијалица и така натаму), а исто така и секакви други работи кои што не ве придвижуваат напред, туку само ве кочат.

Квадрат D: работи кои што не се итни и не се важни

Од работите кои што се наоѓаат во овој квадрат нема никаква полза. Во многу случаи треба овие работи да ги оставиме за на крај или воопшто да не се занимаваме со нив.

Во квадратот D може да се запишат такви работи како телефонски разговори со другарите за нешто не важно, непотребна преписка од интернет, гледање на серии и различни телевизиски шоуа, компјутерски игри и така натаму. Секако секој човек треба да одмара и да се забавува од време на време на некој начин но за тоа постојат поинтересни и развивачки начини: читање на добри книги, интелектуални игри, посета на спортски центри и базени, одење во природа и така натаму.

Да заклучиме:

  1. итните и важни работи: решавајте ги веднаш! (на пример, итните задачи, личните проблеми, кризните ситуации);
  2. не важните, но задолжителни работи: планирајте однапред! (на пример, слободно време, рекреација, лични односи);
  3. важните, но незадолжителни работи: преместете ги за друг датум или препорачајте му ги на соодветен човек (на пример, не важни средби, перење на алиштата, купување на авионски билет);
  4. не важни и незадолжителни работи: правете ги колку што може помалку! (на пример, гледање телевизија, поминување време на социјалните мрежи, читање на не важни материјали).

Нека вашето време работи за вас!

Извори:student.si, 4brain.ru

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х