Правилната и избалансираната исхрана има огромно значење за здравјето на човекот. Можеме да зборуваме за оптимална исхрана само тогаш кога секојдневната прехрана на човекот одговара на потребите на организмот како во количеството, така и според составот и пропорциите на состојките.

Photo: pixabay/maja7777

Истражувањата покажуваат дека не го применуваме препорачаниот број на оброци во денот, немаме адекватен ритам на внес на храна, а енергетската вредност на храната кој ја внесуваме е прекумерна: премногу масти, наспроти недостатокот од овошје и зеленчук.

Субјектите коишто обезбедуваат субвенционирана храна за студентите во Словенија, мораат да ги почитуваат насоките на Министерството за здравство за здрава исхрана и да им обезбедуваат на студентите квалитетни оброци со оптимален избор на намирници.

Поради посебните психо-физички потреби и неопходноста да се сочува концентрацијата и вниманието што подолго, правилната исхрана на студентите игра важна улога. Почитувањето на принципите за здравиот начин на исхрана денес се пробува да им се наметне на младите уште во раните години. Студентите се наоѓаат во таа ризична група, којашто е склона кон брзата и нездрава исхрана, бидејќи често не живеат дома и немаат доволно време да приготвуваат храна. Покрај тоа, поради своите студиски обврски забораваат за навременото и квалитетно јадење со три оброци на ден (појадок, ручек, вечера) и две ужинки. Нездравите навики во исхраната предизвикуваат да се чувствувате лошо, ја намалуваат работоспособноста, го ослабнуваат имунитетот на организмот, што е ризик фактор за развој на хронични заболувања во иднина.

Согласно инструкциите за здрава исхрана на студентите на Министерството за здравство од 2008 година, препорачаната енергетска вредност на ручекот изнесува 750 – 1050 калории за мажи и 600 – 840 калории за жени. Ручекот треба да се состои од главно јадење (месо или замена за месо), прилог од јаглени хидрати, овошје или зеленчук (подготвен гарнир, свежа салата или компот) и напиток (вода, природен сок, млечен напиток, незасладен чај).

И запомнете:

  1. Треба да се јаде со уживање;
  2. Храната треба да биде избалансирана и разнолика;
  3. Избегнувајте бел шеќер;
  4. Намалете ја употребата на сол, избегнувајте конзервирани и обработени прехранбени производи;
  5. Пијте доволно течности, особено вода;
  6. Не претерувајте со внесот на кофеин и алкохол;
  7. Не заборавајте на физичката активност;
  8. Придржувајте се до поговорката: јадеме за да живееме, а не живееме за да јадеме.

Извор: student.si

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:


Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х