19 годишната Македонка Зорица Спировска се преселила во Љубљана пред 3 месеци за да студира на „Факултетот за безбедност“. Во својот роден град Скопје, завршила гимназија, а одлуката да студира во Словенија е како што вели, поради високиот европски квалитет на едукација во блиска држава.

Photo: © Зорица Спировска

Зорица, која често патува и има интересно хоби – стрелаштво, ни кажа дека е презадоволна од својата околина во Словенија и како таа влијае на нејзиното осамостојување. Како единствена студентка од странство на својот смер вели: имам голема среќа што мојот факултет е многу толерантен и подготвен да помага на странски студенти.

– Што беше пресудно за одлуката да студираш во Словенија, дали можеби тоа што студиите се бесплатни за македонските државјани?

– Големо влијание во одлуката да ги продолжам моите студии токму тука имаше словенечкиот образовен систем и начинот на кој тој функционира, а воедно и високиот европски квалитет на едукација во блиска држава. За бесплатните студии дознав преку интернет, каде што прочитав за билатералниот договор меѓу Македонија и Словенија.

– Што знаевте за Словенија пред да дојдете овде?

– Благодарение на честите патувања, имав можност да ја посетам Словенија и Љубљана неколку месеци пред да се преселам. Многубројните пофални зборови за организацијата и чистотата, заедно со сите природни убавини и знаменитости, успеав да ги видам со свои очи.

– Како ќе ја опишете вашата прва недела во Словенија, кои беа вашите први впечатоци?

– Првата недела верувам како и за сите, беше прилично конфузна и стресна, заради новите околности и примораноста сите обврски да ги завршам сама. Но, се навикнав  многу брзо, особено откога ги подмирив сите обврски поврзани со преселбата.

– Го избравте Факултетот за безбедност, како се вклопивте во новата средина? Каков е односот на професорите и колегите од факултетот?

– Изборот на мојата студиска програма е секако базиран врз моите интереси и вклопувањето на мојот факултет помеѓу колегите и професорите се одвиваше без никакви проблеми, иако сум единствената студентка од странство на мојот смер оваа година. Имам среќа што мојот факултет е многу толерантен и подготвен за помош на странски студенти, што значително ми го олесни процесот на интеграција.

– Предавањата ги следите на словенечки јазик, дали го изучувавте јазикот пред да дојдете во Љубљана?

– Иако го изучував јазикот на забрзан курс во училиште за странски јазици во Скопје и се здобив со сертификат  Б1 во рок од една година, стручната литература со која се сретнав на факултет и предавањата кои се на словенечки, на почетокот беа предизвик. Меѓутоа со секојдневна посветеност и примена на јазикот, во помалку од еден месец успеав да ги совладам.

– Што мислите за многубројните привилегии кои ги имаат студентите во Словенија: субвенции за исхрана и превоз, урбана, „бицикељ“, попусти во музеи и галерии? Можеш ли да споредиш со Македонија?

– Искрено многу малку сум упатена во привилегиите за студентите во Македонија, кои се сомневам дека и воопшто постојат и дека воопшто можеме да ги наречеме така. Сметам дека Словенија е одличен пример за држава која инвестира во своето образование и ги мотивира младите во еден од најзначајните периоди во нивните животи и дека ние би требало да се осврнеме кон таа метода, особено заради сериозниот проблем на иселување на младите за студии во странство.

– Почнавте ли да ги користите студентските бонови за исхрана, што мислите за овој систем?

– Тука сум многу задоволна од тоа како функционира системот на „Студентски бонови“ и колкав опсег за различни кујни и ресторани опфаќа. Сметам дека тој е еден од најзначајните придонеси за студентската исхрана од економски аспект и дека би било идеално доколку секоја држава би го спровела овој систем, со цел да им олесни на студентите. Словенија создава идеална слика за тоа како треба да изгледа студентскиот живот.

– Какви се Словенците?

Сите мои досегашни искуства со Словенците се позитивни и сум навистина пријатно изненадена од тој аспект.

– Дали ви недостасува Македонија?

– Не, воопшто не, ха ха ха. Тука ми е супер.

Автор: Лидија М.Кустербајн

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х