Словенечкиот јазик е во „сродство“ со другите балкански јазици

Словенија полека, но сигурно станува главна студентска дестинација во регионот, а интересот кај младите од Запад Балкан за изучување на словенечкиот јазик од година во година расте. На словенечките универзитети годишно се запишуваат околу 5000 странски студенти, од кои околу 3000 од нив доаѓаат од државите на поранешната заедничка држава.

Photo: Designed by © 2TM d.o.o.

Официјален јазик во Република Словенија е словенечкиот јазик и оттука тој има главна улога во образовниот систем во државата. Во основните и средните училишта тој се учи како задолжителен предмет, а предавањата на сите државни високообразовни установи течат на словенечки јазик.

Словенечкиот јазик (slovenščina) припаѓа на групата јужнословенски јазици и тој е во „сродство“ со другите словенски јазици како што се хрватскиот, српскиот, босанскиот, црногорскиот и македонскиот јазик. Токму затоа студентите кои имаат мајчин јазик еден од овие јазици, многу брзо ги совладуваат основите на словенечкиот јазик.

Кој степен на знаење на словенечкиот јазик е потребно за студии во Словенија?

За упис на студии во Словенија, најголемиот број на словенечките факултети не бараат сертифицирано знаење на словенечкиот јазик. Исклучок се студиските програми по медицина, стоматологија, психологија, прво, педагогија и факултетот за театар, радио, филм и телевизија, кои бараат од кандидатите пред уписот да приложат сертификат за знаење на јазикот на ниво Б2.

Во 2ТМ веруваме дека изучувањето на словенечкиот јазик во преден план има улога на социјализација, а неговото знаење на странските студенти им отвора бројни можности за активно вклучување во словенечкото општество, во образованието и пред сѐ на пазарот на трудот. Затоа, топло им препорачуваме на сите идни бруцоши да почнат со изучување на словенечкиот јазик пред почетокот на студиите. Со учењето на словенечкиот јазик, на странскиот студент ќе му биде многу полесно да се адаптира на животот во Словенија во првите месеци од студиите. Така тие ќе ги избегнат непријатните ситуации во најчестите животни ситуации како што се купување во продавница, посета на доктор, одење на банка, во кафуле или било која друга ситуација каде ќе мораат да се разберат со соговорниците на словенечки јазик.

Словенечките универзитети ја потпираат интернационализацијата на високото образование и токму поради тоа професорите имаат целосно разбирање за странските студенти кои не го владеат словенечкиот јазик како својот мајчин јазик.

Интензивен курс по словенечки јазик за бруцоши во 2019 година

На сите идни студени во Словенија, 2ТМ им препорачува учење на словенечкиот јазик пред почетокот на студиите. За полесна адаптација во новата средина, најдобро е да ги совладате основите на јазикот, кои ќе ви помогнат подоцна и да се научите да пишувате, читате, правилно да говорите и да го разбирате словенечкиот јазик. Учењето на јазикот е препорачливо да го започнете дома во добро јазично училиште, а во зависност од вашата желба тоа може да биде индивидуално или групно.

2ТМ организира летен интензивен курс по словенечки јазик наменет за бруцошите кои почнуваат од нула. Курсот во времетраење од 100 часа е акредитиран од Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија и е прилагоден за говорители на словенските јазици.

Часовите ќе се одржуваат 5 пати во неделата по 4 академски саати дневно, во текот на август и септември 2019. 2ТМ организира курс за две групи на слушатели, една во Љубљана и една во Марибор.

Учесниците на курсот ќе го учат јазикот со искусен предавач на кој што словенечкиот јазик му е мајчин, со цел да ви го олесни процесот на образованието на словенечките факултети. Овој курс ќе ви помогне да не го заборавите стекнатото знаење, а исто така и да почнете да го користите словенечкиот јазик во пракса.

За повеќе информации како да се пријавите на интензивен курс по словенечки јазик кликнете овде или пишете ни на education@2tm.si.

Автор: Лидија М.Кустербајн

Консултации со стручњак

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте консултации од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х

Пријавете се на курс:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

X

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х