Братислава

Престолнината на Словачката Република, Братислава, не само што може да се пофали со интересна историја, туку во моментов е и центар на регионот со најдинамичен развој во централна Европа. Братислава (популација 425.500) е лоцирана во југозападниот дел на Словачка, од двете страни на реката Дунав и во подножјето на Малите Карпати. Благодарение на оваа поволна локација, градот отсекогаш бил трговски центар. Денес, историските места се сведоци на рапидниот развој на младата Словачка Република.

Photo: unsplash/Martin Katler

Но, и покрај интересната историја, Братислава е еден од најмладите главни градови во светот, заедно со својата популација која истот така е доста млада. Модерната метропола е отворена кон Европа и кон светот, што се докажува со зголемениот број на странски посетители од најразлични земји. Тие се привлечени од пријатноста и топлотата на релативно малиот град, но кој несомнено поседува богат социјален живот и историски шарм, комбиниран со најновите трендови. Палатите, модерните шопинг центри, извонредни пивари, кувари со одлични рецепти, пријателски настроени луѓе и бројни интернационални културни или спортски настани, изложби и бизнис можности, се само дел од причините зошто вреди да се посети.

Photo: unsplash/Palo Kertys

Историја

Братислава често играла значајна улога во историјата на централна Европа. На 2 декември 1291 год. е роденденот на Пресбург (германското име за Братислава) – денот кога жителите станале слободни граѓани. Во текот на 14-тиот и 15-тиот век Братислава бележи рапиден развој на трговијата. Отворањето на Истрополитанската академија (1467) ја зацврстува улогата на Братислава како културен и образовен центар на тогашното Унгарско кралство. По влезот на Турците во кралството, Братислава била прогласена за главен град на Кралството Унгарија.

Photo: unsplash/Martin Katler

Против-турските војни и другите буни и востанија во 16-тиот и 17-тиот век направиле прекин во развојот на градовите. Во 18-тиот век, а пред се во владеењето на Кралицата Марија Терезија, Братислава повторно станува значајна. Голем број на прекрасни палати и градби се се уште останати од тој период. Градот постанал културен центар во 19-тиот век, а Братислава колевка на словачката национална еманципација.

Револуциите, работничките движења и Првата светска војна ја стигматизирале Братислава, која и покрај тоа, по 1918 год. станува центар на културниот, политичкиот и економскиот живот на Словаците. Братислава денес е модерен град и седиште на повеќето позначајни политички, економски, социјални и научни тела и институции.

Photo: unsplash/michael schaffler

Споменици

Доминантна улога во изгледот на Братислава игра Братиславскиот замок кој може да се забележи од поголема далечина. Најатрактивниот дел е Стариот град каде има најголема концентрација на историски знаменитости, како и културни институции. Со своите мали улички нуди идеална атмосфера за оние кои сакаат романтични прошетки и да се почуствуваат како дел одисторијата, иако се длабоко навлезени во модерниот свет. Сите значајни градби во историскиот дел на градот се на листата на заштитени споменици.

Извор: slovakia.travel