Бројот на странски работници во Словачка зголемен за 7.100 лица, споредено со претходната година

На крајот од месец март 2020 год., 77.900 странци официјално работеле во Словачка. Според податоците на Централната агенција за труд, социјала и семејство на Словачка, споредено со претходната година во истиот период, се бележи зголемување од 7.100 нови странски работници, известуваат од словачката новинска агенција „SITA News wire“.

Photo: На крајот од месец март 2020 год., 77.900 странци официјално работеле во Словачка/Alex Kotliarskyi on Unsplash

Украинците и натаму се најголемата група на странци кои работат во Словачка, или вкупно 23.000. Бројот на Срби кои работат во Словачка минатиот месец изнесуваше 13.000. Од граѓаните на Европската Унија на прво место се Романците (8.100), потоа Чесите (6.000) и Унгарците (5.400).

Според статистиките од крајот на месец март годинава, четвртина од сите странски работници во Словачка работеле во Братислава.

Пандемијата со корона вирусот немаше големо влијание врз вројот на странците кои работат во Словачка, со оглед дека не се забележа значително намалување на бројот на странски работници во март споредено со истиот број претходниот месец.

Извор: spectator.sme.sk