Четириесет години Бизнис информатика на Економскиот факултет

Во вторникот, на 27 ноември 2018 година, на традиционалниот Ден на бизнис информатиката, на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана беа обележани 40 години од воведувањето на истоимената студиска програма.

На настанот беа присутни многу поранешни и сегашни студенти на оваа програма, како и гости од различни компании и од Универзитетот. Меѓу нив беше и претседателот на Управниот одбор на Универзитетот во Љубљана, проф. д-р Борут Божич. Централна тема на настанот, на кој имаше и тркалезна маса, беше дискусијата за клучните предизвици и можности кои ги носи информациската технологија.

Настанот заврши со тркалезна маса, која ја водеше проф. д-р Алеш Грозник. Поранешните студенти Томаж Штолфа (коосновач на компанијата Layer), Тјаж Јеловчан (Microsoft), Ана Петровска (Lek), Миха Валентинчич (Petrol), м-р Венчеслав Перко (ELES), м-р Теја Батагељ (Gen-I), како и поранешните професори на Економскиот факултет – проф. д-р Андреј Ковачич и проф. д-р Јанез Град, заслужни за основањето и за развојот на Бизнис информатиката, ги претставија своите ставови за предизвиците, поврзани со информациската технологија, и ја споредија Бизнис информатиката некогаш и денес.

На оваа програма секоја година се запишуваат околу 120 студенти, од кои од 30 до 40 се странски студенти.

Интернет-врска: efnet.si