CMEPIUS настан

Во Љубљана во вторник на 26-ти ноември 2019 година е одржан настанот CMEPIUS под наслов (Mobilnost ni nadloga, je naša naloga). Заедничка нитка во целиот настан беше промоцијата на интернационализацијата преку мали проекти, со посебен акцент на CEEPUS програмата. Стана збор и за  програмата Erasmus+.

Photo: © 2TM d.o.o.

По настанот, претставниците од компанијата 2TM се сретнаа со претставниците од CMEPIUS Марија Медвед и Петар Бевек за да разменат искуства во промоцијата на студирањето во Република Словенија за странци и да разговараат за препреките при пријавувањето и уписите.

Извор: cmepius.si