Данило Пејовиќ, студент од Црна Гора: Словенија вложува многу повеќе во образованието

„Пред моето доаѓање во Словенија, не знаев буквално ништо за земјата. Не знаев како изгледа Љубљана, нејзиниот центар, ниту тоа дека низ градот тече река. Единствено што знаев е дека овде има одличен факултет по елетротехника и само поради тоа дојдов тука“- со позитивен дух ни објаснува студентот од Црна Гора Данило Пејовиќ, како се одлучил да студира елетротехника во Словенија.