Деканот на Академијата за танци Alma Mater Europaea зема учество во Деновите на Москва во Загреб

Деканот на Академијата за танци Alma Mater Europaea професор доктор Свебор Сечак зема учество во Деновите на Москва во Загреб. Тој се сретна со танчарите од Загребскиот балет и одржа предавање пред респектабилните гости на чело со познатиот солист на балетот Андрис Лиепа. Да напоменеме дека легендарниот танчар им даде многу совети на хрватските танчари и одржа предавање за балетот на Игор Стравински „Жар птица“.

Во рамките на програмата на настанот Денови на Москва Свебор Сечак исто така ја посети и изложбата за животот и творештвото на познатата руска балерина Маја Плисецкаја, изложбата на руската дизајнерка Валентина Јудашкина и гала концерт со учество на артистите од балетот (режисер Андрис Лиепа).

Извор: sl-si.facebook.com