Демикат – супа од овчо сирење

Во 18 век, во Словачка се формирале фабрики за преработка на овчо сирење: првата е основана во Детва во 1787 година и втората во Зволенска Слатина во 1797 година, која работи до овие денови.

© Travel to Slovakia/Демикат – супа од овчо сирење

Демикат, заедно со њоки од овчо сирење, е уште една традиционална храна од словачката кујна, за чија подготовка се користи овој словачки специјалитет.

Состојки:

  1. 250 гр овчо сирење,
  2. 1 кромид,
  3. 50 гр маст,
  4. 4 парчиња компири,
  5. 1 лажичка црвена пиперка ,
  6. ½ лажичка ким,
  7. црн пипер – мелен,
  8. павлака,
  9. власец.

Подготовка:

Исечете го кромидот на коцки и пржете го на маст до златна бојата. Додадете ким, мелен црвен пипер, овчо сирење и компири исечени на коцки. Промешајте и прелијте го со 1л топла вода. Гответе додека компирот не стане мек. Додајте сол и мелен пипер. Измешајте ја супата додека не се изедначи, може да ја омекнете со павлака и да ја посипете со власец. Послужете со њоки или леб исечен на коцки и испржен на сало.

Извор: slovakia.travel