„Ден на отворени врати“ во 2ТМ – 15 и 16 февруари, Љубљана, Словенија

Деновите на отворени врати се оддржаа изминатиот викенд во просториите на 2ТМ, на Дунајска 106, во Љубљана. Идни студенти од Србија, Хрватска и од БиХ не посетија и изразија интерес за студирање во Словенија. Некои од нив веќе избрале студиска програма и образовна установа, други пак сеуште не се одлучиле што ќе студираат.

Најголем интерес  имаше за привилегиите кои ги имаат студентите во Словенија, можностите за живеење во студентски дом, процедурата за упис и се што е повразано со студентскиот живот.

Идните студенти најмногу се интересираа за студиските програми: економија и менаџмент, психологија, ИТ и за медицина.