Ден на Универзитетот од Марибор

18-ти септември е денот на Универзитетот од Марибор.

Со своите 19 членки (17 факултети, Универзитетска библиотека и студентски домови) се смета за втор по големина и втор по старост Универзитет во Република Словенија. Универзитетот е формиран во 1975 година. Денес на овој универзитет студираат околу 13.500 студенти, за чие знаење се грижат околу 2.000 вработени, така што овој Универзитет има многу важна улога на регионално ниво. Преку меѓусебна поврзаност на хуманистички, општествени и технолошки науки, економија, медицина, природни науки, право, педагошки науки и уметност, тој пренесува знаење на пошироката општествена заедница.

Photo: © 2TM d.o.o.

Во 2014 година Универзитетот од Марибор го доби признанието за полезноста за странските студенти на високообразовните установи, а во 2019 година доделена му е титулата “Global Student Satisfaction Awards 2019” во категоријата „Севкупно задоволство“ од страна на порталот: StudyPortals.

За повеќе информации за студирањето во Република Словенија на Универзитетот од Марибор контактирајте не нас.

Извор: um.si