Ден na здравјето во едукативниот центар Велење

Едукативниот центар Велење како работодавач со законот за здравје и безбедност при работа е обврзан за своите вработени да планира и да организира програма за промоција на здравјето на работното место. Со таа цел во вторникот и средата на 27-ми и 28-ми август 2019 година, во овој едукативен центар се одржаа два еднодневни семинари, кои што беа организирани во соработка со Здравствениот центар Велење и партнерот за хигиена во работата и безбедност – компанијата PROVARNOST.

Програмата на семинарите „Ден на здравјето“, помеѓу другото вклучува: мерење на крвниот притисок, мерење на нивото на шеќерот во крвта, анализа на функционалноста на организмот, фитнес тест, а исто така и практика по техника за релаксација.

На семинарите земаа учество 75 вработени од Едукативниот центар Велење.  

Извор: scv.si