Денес е денот за сеќавање на мртвите

Во Република Словенија денес го одбележуваме денот на сеќавање на мртвите, кој што е државен празник и слободен ден.

Photo: pixabay/Arcaion

Ова е ден кога словенците се упатуваат кон вечните почивалишта на своите блиски и традиционално им оддаваат почит со положување на цвеќе и палење на свеќи. 1-ви ноември е исто така и можност за средби со семејството и пријателите, за заедничка посета на гробиштата и црковна церемонија.