Денес е светски ден на образованието

Денес, на 24-ти јануари, го одбележуваме светскиот ден на образованието. Овој ден за меѓународен ден на образованието го прогласи Генералното собрание на Обединетите нации, со цел да ја нагласи значајната улога на образованието за меѓународниот мир и развој.

Photo: freepik/@freepik

Според податоците на УНЕСЦО:

  1. 262 милиони деца и млади на посетуваат училиште,
  2. 617 милиони деца и тинејџери не знаат да читаат нити пак ги знаат основите на математиката,
  3. помалку од 40 проценти од девојчињата од подсахарска Африка завршиле неколку одделенија од основното училиште,
  4. околу четири милиони деца и млади бегалци не можат да посетуваат училиште поради вооружен конфликт или поради губење на најблиските.

Извор: mlad.si