Десет години постоење на Факултетот за туризам при универзитетот во Марибор

Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор ја прослави десет годишнината од своето основање на 06-ти декември 2019 година со свечена прослава во Витешката сала на Посавскиот музеј во Брежице. По тој повод од Факултетот поделија награди и признанија и им се заблагодарија на сите коишто на било кој начин придонеле за основањето и развојот на Факултетот за туризам при Универзитетот во Марибор.

 

Автор на фотографијата: Лука Рудман

Со програмата чијшто модератор беше госпоѓа Јања Ростохар се осврнаа на својата прва деценија од работата.

 На присутните им се обрати ректорот на Универзитетот, професор доктор Здравко Качич, којшто ја претстави улогата на Факултетот за туризам внатре во Универзитетот и пошироко, домаќинот, деканот на факултетот за туризам вонредниот професор доктор Боштјан Брумен и началникот од Општината Брежице господин Иван Молан, којшто ја истакна важноста на Факултетот за Општината и локалното опкружување, а во оваа прилика деканот на факултетот и врачи плакета на Општината Брежице.

 Доктор Браумен во таа прилика кажа неколку емотивни зборови. „Во изминатите десет години многу направивме. Застанавме на нозе покажувајќи дека знаеме и можеме. Не беше секогаш лесно, но никогаш не се откажавме. Меѓу другото, нашата адреса, Патот на првите борци, кажува многу за нас.

Нема да заспиеме на ловориките. Си поставивме цел да сме добри и да бидеме уште подобри. Една цел веќе постигнавме, минатата академска година според професорите од нашиот универзитет сме најдобар факултет. Оцената јасно го покажува залагањето и преданоста на нашите клиенти, студентите. Иако звучи чудно, но драго ми е што нашите студенти немаат доволно време да посетуваат настава, бидејќи работат. Ова докажува дека работодавците го бараат знаењето на нашите студенти, уште пред тие официјално да дипломираат.

Нашите цели се високи и во други области. Во проектната област веќе се гледаат резултатите од системската работа и ориентацијата на факултетот кон меѓународната заедница. Во областа на студиите сме прв факултет од универзитетот којшто има одржано студиска програма на англиски јазик, наменета за странци. Најголем број на студенти кои што заминуваат преку размена во странство се од нашиот факултет. Имаме одлична соработка со локалната заедница, што исто така ни претставува огромна поткрепа.

Сеуште имаме големи планови за иднината. Нашата стратешка цел е да станеме најдобар факултет за туризам во Европа. Не бараме многу од другите за тоа да го постигнеме. Во оваа фаза сакаме да го имаме тоа што го имаат нашите постари факултети: средено работно опкружување и стабилно финансирање.