Дипломец од факултетот за електротехника при универзитетот во Марибор – најбогатиот словенец – ќе го сподели искуството во бизнисот со студентите

На факултетот за електротехника, компјутери и информатика при универзитетот во Марибор се одржа предавање на сопружниците Иза и Само Логин – најбогатите словенци, според рејтингот во последните години.

Организатор на средбата е Клубот на дипломци од факултетот за електротехника. Вреди да се спомене дека Само Логин магистрирал на факултетот за електротехника при универзитетот во Марибор.

Средбата, на која што присуствуваа студенти, дипломци и професори од факултетот за електротехника, траеше повеќе од еден час. Тема на средбата беше обука за компјутерски науки и користење на стекнатото знаење во бизнисот. Во опуштена атмосвера сопружниците Логин раскажаа за своето искуство, советуваа, и споделија спомени за студентските години и почетокот на својата кариера. Тие особено ја подвлекоа вредноста на мислењето кое им го дало студирањето на насоката “Компјутерски науки”, важноста од добар тим и тимскиот дух, личниот повик и правилно поставување на целите – сите овие чинители, според нив, играат суштинска улога во личниот и деловниот живот.

Пред предавањето сопружниците Логин, во придружба на деканот – професор доктор Борут Жалик и администрацијата на факултетот ги посетија просториите на факултетот за електротехника, се запознаа со неговата научна дејност и тековните проекти.

Извор: feri.um.si