Дипломецот од Факултетот DOBA доби награда за најдобра магистерска работа за 2019 година со иновациски потенцијал

Дипломецот од магистерската програма „Менеџмент „на смарт“ градови“ од Факултетот DOBA Матеј Лоренци е удостоен со наградата за работата на темата „Анализа на изработка и примена на сопствен апарат за мерење на квалитетот на воздухот“ (ментор – доцент доктор Томислав Розман).

Главен акцент на работата, којашто е призната за најдобра во 2019 година од гледна точка на иновацискиот потенцијал, е претставување на можностите за користење на едноставните смарт-апарати за контрола на квалитетот на воздухот. Матеј Лоренци го опиша овој апарат, а потоа го изработи истиот, за него развил софтвер и го тестирал како функционира во пракса.

Покрај останатото, овој производ има сензори за тврди честички, сензори за воздух и температура, а исто така и технологија за управување со овие сензори, којашто ги испраќа податоците на компјутерски клауд. Исто така Лоренци разработил систем за предупредување на корисниците на Twitter во случај, кога во средината, кадешто е инсталиран апаратот е надмината дозволената количина на тврди честички во воздухот.

Да напоменеме дека најдобрата магистерска работа на Факултетот DOBA ја избираат со цел промоција на висококвалитетна професионална и научно-истражувачка дејност на студентите, којашто првенствено е ориентирана на иновации и потрага по конкретни иновациски решенија.

Во овој конкурс учествуваа десет магистерски работи. Истите ги оценуваше комисија, во чијшто состав се најдоа професор доктор Борис Цизел, доцент доктор Томаж Клобучар и професор доктор Вито Бобек. Добитници на конкурсот, покрај Матеј Лоренци, се и Доминик Грушковњак, Зоран Ленардич, Милена Мачек Ерала, Бригита Павлич, Симона Пољјаншек, Сузана Шав, Александра Зајц и Наташа Зупанчич.

Извор: fakulteta.doba.si