Дипломците од Гимназијата во Ново Место се удостоени со златни медали на конкурсот за младински бизнис идеи во Соединетите Американски Држави

Дипломците од Гимназијата во Ново Место Валентина Бојанец и Андреј Пелко успешно го поминаа конкурсот за младински бизнис идеи Genius Olympiad во Соединетите Американски Држави. Во категоријата „Бизнис“ тие беа наградени со златен медал за својата идеја – функционален напиток Heijus базиран на треви и нефилтриран јаблков сок, без шеќер, со витамин Ц.

Погоре споменатите ученици го зазедоа второто место на националниот конкурс на млади претприемачи Popri, што им даде можност да земат учество на Genius Olympiad во Соединетите Американски Држави.

Напитокот Heijus се произведува на екофармата Ratajc. Младите претприемачи се во потрага по инвеститори. Засега се ориентирани на словенечкиот пазар, но во иднина планираат да го пласираат напитокот и надвор од границите на Република Словенија. Според нивните зборови сите нивни приходи од продажбата ќе бидат насочени кон производство на следна серија на напитоци на есен оваа година.

Извор: dnevnik.si