Директорот од Колеџот за стручно образование Academia Maribor зема учество на регионалната конференција за женско претприемништво

Претседателот на Регионалниот совет на претприемници и директор на Колеџот за стручно образование Academia Maribor Магистер Вида Перко зема учество на Седмата регионална конференција за прашања поврзани со женското претприемништво „Успех и неуспех во деловниот свет“. Настанот се одржа во вторникот, на 10-ти декември 2019 година, во Марибор.

На конференцијата исто така земаа учество директорот на Стопанска комора на Штирија Александра Подгорник, професор на машинскиот факултет при универзитетот во Марибор доктор Александра Лобник, а исто така основач и претседател на Здружението на словенечките претприемачи Марта Турк.

Во текот на конференцијата своите искуства ги споделија осум словенечки претприемачи: Ингрид Логар (Čeveljc), Аленка Кјугерл (Enyo), Патриција Шенекар (Hiška zelišč), Тина Арнуш (Zelena Japka), Петра Божич Благајац (Paleta znanj), Маја Монро (Coaching in intuitivne knjige), Ања Стопар (биро за архитектура AS) и Аленка Мрздовник (Panorama glamping, село Висоле кај Словенска Бистрица).

Извор: academia.si