До 2022 година во Љубљана ќе бидат пуштени во употреба 2000 нови станови

Во последните години престолнината на Република Словенија Љубљана доживува период на експанзија на инвестициите и градежништвото. Во градот се градат нови деловни објекти, хотели и станбени објекти. Посебно активно се градат станбени објекти од повисока класа. Просечната вредност на метар квадратен во овие објекти достигнува до 6000 евра.   

Центрот Šumi, комплексот Spektra, населбата Novo Brdo – ова се дел од објектите кои што се во процес на градба. Само во центарот Šumi ќе бидат пуштени во употреба 100 станови – тука ќе биде изградена станбена зграда на шест ката. Во населбата Šiška во наредните две години ќе бидат изградени три станбени комплекси со многу станови, што ќе обезбеди место за живеење за повеќе од 2000 луѓе.  

Покрај тоа, до крајот на 2020 година во Љубљана ќе се изградат два облакодери со висина од 85 метри, кои што ќе бидат највисоките згради во земјата. Становите во овие облакодери ќе одговараат на бизнис класата. Цента на овие станови нема да ја надминува моменталната цена на пазарот за половни станови. Воглавном според информациите од агентите за недвижнини, за решение на станбеното прашање до 2025 година во Љубљана треба да се пуштат во употреба 16 000 станови.  

За последните четири години на пазарот на поволни станови во Љубљана цените пораснале за 35%. Цените го достигнаа максимумот и додека има поголемо побарување од понуда, цените ќе останат високи.   

Големи проекти се реализираат на пазарот на деловните недвижности. Така покрај хотелот со пет ѕвездички Intercontinental ќе се изгради облакодер Atower, а во близината на зградата на Радиотелевизија Словенија ќе се појави хотел Neuhaus со 49 соби и 7 апартмани од делукс категорија. Спроти стадионот Бежиград наскоро ќе се изгради футуристички деловен објект за компанијата Petrol.

Да додадеме дека локалните власти интензивно работат за благосостојбата во градот. Во блиска иднина во престолнината на Република Словенија капитално ќе се реновираат локалната автобуска станица и железничката станица.  

Извор: rtvslo.si