Докторантот од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана е удостоен со престижна стипендија

Докторантот од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана Иван Рубинич е удостоен со престижна стипендија од Сојузот за радикална политичка економија (Union for Radical Political Economics; URPE). Оваа парична награда се доделува од страна на управниот комитет на организацијата за тековната година само на еден студент на глобално ниво.

Темата на дисертацијата на Иван Рубинич гласи: „Динамиката на економската нееднаквост во еврозоната врз основа на марксистичката теорија за експлоатација“. Оваа дисертација тој ја подготвува под раководство на професор доктор Макс Тајникар.

Сојузот за радикална политичка економија е меѓународна економска организација, основана во 1968 година од страна на студенти и професори од универзитетот од државата Мичиген, Соединетите Американски Држави. Организацијата ги обединува економистите од неомарксистичкото движење и го издава списанието Review of Radical Political Economics.

Извор: efnet.si