Достигнувањата на врботените од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор се претставени на националниот настан Dan ARRS 2019

Државната агенција за научни истражувања (ARRS) во вторникот, на 19-ти ноември 2019 година, организираше национален настан Dan ARRS 2019: Podpiramo odličnost („День ARRS 2019: поддржуваме напредно искуство“), посветено на новиот прилив на млади научници.

Важечката програма „Млоди научници“ уште од 1985 година создава висококвалификувани и мотивирани истражувачи со голем потенцијал за словенечката наука, економија и други социјално значајни области. За ова 35-то запишување беа отворени 229 места за обука на млади научници. Како резултат на тоа тие ќе се присоединат на повеќе од петте илјади свои постари колеги кои што порано се стекнале со степен доктори на науки во рамките на горенаведената програма.

Во рамките на настанот „Најдобрите во науката 2019 година“ достигнувања во областа на техничките науки, помеѓу останатите се претставија вработените од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор – професор доктор Весна Жегарац Лесковар и професор доктор Мирослав Премров. Тие исто така им ја претставија на присутните научната монографија „Integrative Approach to Comprehensive Building Renovations“ („Интегративен пристап кон сложена реконструкција на згради“), издадена во 2019 година во издаваштвото Springer.

Извор: fgpa.um.si