Доцент од универзитетот во Марибор е удостоен со највисоката национална награда од областа на дизајнот

Визитинг професорот од студиската програма „Медијакомуникации“ од универзитетот во Марибор доцент Матеј Корен во рамките на деветтото Биенале на словенечкиот дизајн беше удостоен со наградата Brumen – највисоката национална награда од областа на дизајнот.

Меѓународното жири го награди тимот на дизајнери, во чиј состав беше и Матеј Корен, за плакатот за „Фауст“ во Словенечкиот национален театар во Марибор.

Извор: feri.um.si