Доцентот од факултетот за градежништво при универзитетот во Марибор е удостоен со највисоката награда од Комората за архитектура и просторно планирање на Република Словенија

Вработениот на катедрата за архитектура на факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор доцент Нанде Корпник е удостоен со највисоката награда на Комората за архитектура и просторно планирање на Република Словенија „Платиниумски молив“ (Platinasti svinčnik ZAPS 2019). Тоа е највисоката професионална награда во земјата, која што секоја година по повод Денот на архитектот е доделува за посебни достигнувања во областа на архитектурата, надворешно уредување и просторното планирање.

Нанде Корпник е претставник на средното поколение на архитекти. На факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор тој работи од моментот на отворање на програмата „Архитектура“ во 2007/2008 академска година. Како професор тој учествува во најразлични настани како и во проекти во рамките на предметите за студенти од бакалавриските или магистерските програми. Како професор Корпник ги запознава студентите со креативниот свет на архитектурата помагајќи им да ги постигнат првите успеси на професионален план.

Извор: fgpa.um.si