Економскиот факултет при универзитетот во Љубљана е удостоен со највисоката награда на бизнис асоцијацијата Beta Gamma Sigma

Економскиот факултет при универзитетот во Љубљана е удостоен со наградата Highest Honor Roll, која што ја врчува меѓународната бизнис и академска асоцијација Beta Gamma Sigma. Добитник на оваа награда е истоимениот клуб од Економскиот факултет при универзитетот во Љубљана. Ова е највисока награда која што може да ја добие клуб од образовна установа во рамките на програмата BGS Chapter Honor Roll како признание за заслугите на образовната установа во академската сфера, неговата раководна улога и високото ниво на успешност на студентите. Оваа награда му беше доделена на клубот за 2018/2019 академска година.

Основана во 1913 година, асоцијацијата Beta Gamma Sigma претставува меѓународно елитно здружение на бизнис школи со акредитација AACSB, програмата во која што влегуваат 5% од најдобрите студиски програми за наука за бизнис во светот. Членови на асоцијацијата стануваат лица со статус на студенти, при тоа својата раководна улога тие ја играаат и по завршувањето на образовниот процес – во деловниот, претприемничкиот, државниот, некомерцијалниот и академскиот сектор. 

Извор: efnet.si