Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана меѓу 95. најдобри бизнис школи во Европа за 2018 година

Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана како единствена бизнис економска школа од Словенија, за првпат се наоѓа на листата на 95. најдобри бизнис школи во Европа, според Фајненшал Тајмс. Со тоа, Економскиот факултет се наоѓа на мапата на најквалитетното бизнис образование.

Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, со своите угледни меѓународни акредитации (EQUIS, AACSB и AMBA) се вбројува меѓу 1 процент најдобри бизнис економски школи во светот.

Ваков вид институции на светско ниво има повеќе од 15 000. И покрај мноштвото рангирања на универзитетите и на бизнис школите, листата на Фајненшал Тајмс и натаму е најпозната во меѓународната бизнис јавност, а присуството на неа е знак за квалитет на факултетот и показател на извонредни дипломирани, кои по завршувањето на студиите се подготвени за работа. Особено е истакнато дека Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана има висок процент на жени меѓу својот педагошки кадар и според тој критериум, на оваа листа се наоѓа на уваженото второ место.

На најпрестижната скала на европските бизнис школи, на првите три места се London Business School, HEC Paris и INSEAD.

Словенија заедно со Австрија, Данска, Унгарија, Шведска и Русија, имаат по една бизнис економска школа, која се наоѓа меѓу 95-те бизнис школи во Европа.

Интернет-врски: efnet.si, dnevnik.si, rankings.ft.com