Економскиот Факултет при универзитетот во Љубљана организираше Меѓународна недела за образование со учество на 25 универзитети од 18 земји во светот

Во периодот од 08 до 12 април 2019 година економскиот факултет при универзитетот во Љубљана организираше Меѓународна недела на образованието – Erasmus+ Staff Week – обука за вработените во партнерските универзитети во врска со големото искуство на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана во работата во областа на интернационализацијата. На настанот земаа учество 25 универзитети од 18 земји во светот, а исто така и делегати од 22 партнерски институции. На настанот имаше учесници од Австрија, Белорусија, Чешка, Франција, Хрватска, Индија, Казакстан, Јужна Кореа, Лихтенштајн, Литванија, Холандија, Перу, Полска, Португалија, Русија, Швајцарија, Турција и Велика Британија.

Меѓународната недела на образованието овозможи комуникација, размена на знаења и напредни искуства. Програмата на настанот која што имаше ставено акцент на квалитетот на работата на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана вклучуваше и презентации и семинари од областа на меѓународната мобилност на студентите, професорите и вработените, а исто така и останатите аспекти на интернационализацијата, вклучувајќи ги тука и програмите за меѓународните летни школи.

Во рамките на меѓународната недела се разговараше за програмите на Erasmus+, научно-истражувачката работа на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана. Интензивна програма се одржуваше во меѓународните групи со акцент на тимската работа и тематските истражувања. Во правец на усовршување на образованието важни цели на настанот беа и стекнувањето со ново работно искуство, активирањето на меѓу универзитетската соработка и меѓу културната комуникација.

Извор: efnet.si