Економскиот факултет при универзитетот во Љубљана за прв пат во својата историја ќе биде организатор на „Економијада-2020“

Во октомври 2019 година во Подгорица (Црна Гора) се одржа генералната асамблеја на JASEF (Југословенска асоцијација на студенти од економските факултети), која што е главна организација на студенти по економија од земјите на поранешна Југославија. Во рамките на асамблејата претставниците од Љубљана, Бања Лука, Нови Сад, Белград, Сараево, Косовска Митровица, Крагуевац, Скопје, Ниш и Подгорица избраа организатор на „Економијада-2020“ – најголем настан за студенти по економија во регионот, во кој што секоја година земаат учество повеќе од 1.000 лица.

Во текот на асамблејата претседателот на Студентскиот совет Александар Миличевич даде предлог настанот да го организира факултетот за економија при универзитетот во Љубљана. Според резултатите од гласањето (7 „за“ и 3 „против“) економскиот факултет од универзитетот во Љубљана беше избран за главен организатор на „Економијадата-2020“. Овој настан Економскиот факултет од универзитетот во Љубљана ќе го организира за прв пат во својата историја.

Извор: efnet.si