Економскиот факултет при универзитетот во Љубљана зема учество во проектот „V-KULTUR – Оцена на понудата во сферата на културниот туризам во Љубљана“

Студентите од економскиот факултет во рамките на ŠIPK заедно со студентите од факултетот за биотехнологија, философскиот факултет и факултетот за социјални науки при универзитетот во Љубљана земаа учество во проектот „V-KULTUR – Оцена на понудата во сферата на културниот туризам во Љубљана“. Ментори – доктор Наја Марат и професор Ирена Ограјеншек.

Проектот може да реализира стратегии согласно документот „Стратешки раководечки принципи за развој на културниот туризам во Љубљана за периодот 2017–2020 годнина“, кој што беше изработен со цел да се оцени понудата на културниот туризам во Љубљана со посебен акцент на понудата за посебни групи (млади, стари лица, млади семејства), кои што од разни причини ретко ги посетуваат културните објекти и настани во Љубљана.

Во рамките на проектот студентите подготовија препораки за подобрување на културната понуда во Љубљана и три проспекти за насочено унапредување на културната понуда помеѓу младите, старите лица и младите семејства. За сите заинтересирани страни учесниците во проектот во четвртокот на 17-ти октомври 2019 година, во зградата на општината на градот Љубљана одржаа заклучна презентација на резултатите од проектот.

Извор: efnet.si