Екскурзија на студентите од Вишата стручна школа Велење во Celjske mesnine d.o.o. и Pivovarna Laško d.d.

Во среда на 12 декември 2018 година, студентите во прва година на програмата Гостинство и туризам во рамките на предметот Основи на гастрономијата и Економика на работењето, ги посетија Celjske mesnine d. o. o. и Pivovarna Laško d. d.

Во фирмата Celjske mesnine, студентите го видоа процесот на производство на варени и трајни кобасици, како и други месни производи. Celjske mesnine имаат своја сопствена марка z’dežele, сопствена малопродажна мрежа и годишно произведуваат повеќе од 20 000 тони различни производи. Квалитетот го мерат преку барањата од HACCP, ISO и IFS стандардите.

Студентите сами се уверија за квалитетот на нивните производи, бидејќи имаа дегустација на нивните производи.

Во Pivovarna Laško студентите се запознаа со работниот процес на производството на безалхкохолни пијалоци  и пива и го посетија нивниот музеј.

За квалитетот на производите допринесуваат водата и од недопрените лашки брда и зелено златниот првокласен савињски хмељ. Посетата се заврши со дегустација на нивните производи.

Извор: vss.scv.si