Eксперти: Иднината – за роботиката, вештачката интелегенција и алтернативните извори на енергија

Многу ученици и студенти се интересираат, кои професии ќе бидат барани на пазарот за трудот, кога тие ќе го завршат образованието во средните школи или на факултетот.

Во агенцијата за кадри Adecco ги истакнуваат следните професии на иднината: наука, технологија, технички науки и математика, компјутерска техника, роботика и вештачка интелегенција, здравство и медицина, дигитални медиуми, заштита на животната средина, алтернативни извори на енергија и одржливо производство. Во агенцијата забележуваат дека во иднина ќе бидеме сведоци на висока побарувачка на програмери, софтверски инженери, специјалисти за клауд сервиси, администратори на база на податоци, веб – девелопери, специјалисти по дигитален маркетинг, администратори на социјални мрежи, медицински сестри, лекари.

При тоа по мислење на специјалистите, за успешна професионална самореализација младите треба да ги владеат не само професионалнитите вештини но и креативност, комуникациски вештини и работа во дигитална средина, способност за решавање на проблематични ситуации.

Од клучно значење за изградба на успешна кариера кариера игра фактот за барање на првото работно место уште за време на школувањето, а не тогаш кога ќе се појави идеален оглас за отворени работни места потенцираат HR – експертите.

Извор: siol.net