Еразмус+ обука во Обединетото Кралство на стручните соработници од вишата школа Академија Марибор

Стручните соработници од Вишата школа Академија Марибор на крајот на ноември, во рамки на програмата Еразмус+ имаа стручната обука на темата „Best practices and innovative approaches in the field of education“ на  Teesside University во Обединетото Кралство. Teesside University е рангиран на прво место меѓу повеќе од 120 универзитети во Велика Британија по задоволството и успехот на странските студенти.

Универзитетот со континуирани инвестиции, кои во следната деценија ќе надминат 300 милиони фунти, постигнува одлични резултати. На студентите и дипломантите од Академијата ќе им бидат овозможени размени и можност да ги продолжат студиите во иднина.

Покрај тоа, тие исто така го посетија и South Thames College во Лондон, каде што со водството на колеџот разменија искуства за спроведување на програми за вишите школи во областа на економијата, медиумската продукција и инженерството.

Британско-словенечката стопанска комора заедно со менаџерскиот песронал од Pearson, за членовите кои присуствуваа организираше традиционална вечера.

По ова следеше посета на седиштето на Пирсон, најголемата издавачка куќа во светот, каде што имаа подготвено стручна обука за вработените во смисла на постигнување на квалитет во образованието.

Беше проследена со подготовка на професионална обука за вработените во смисла на постигнување на квалитет во образованието.

Извор: academia.si