Европската вселенска агенција ги поканува студентите од словенечките универзитети да соработуваат

Република Словенија е член на Европската вселенска агенција, учествувајќи во насочени програми за развој на технологии за набљудување на Земјата и во научната програма Prodex. Членството на земјата во Европската вселенска агенција исто така отвора можности за учество на студентите од Република Словенија во проектите, кои што ги организира Европската вселенска агенција во соработка со вселенските агенции на државите членки.

За студентите од словенечките универзитети актуелни се две програми:

  1. REXUS/BEXUS, ориентирана на студентите од природните и техничките науки, кои што имаат идеја за одржување на научен или технолошки експеримент со воздушни балони или ракети. Секоја година врз основа на студентски проекти во рамките на програмата се изведуваат до 20 експерименти со користење на два воздушни балони и две ракети. Лансирањето на двата избрани проекти е бесплатен. Крајниот рок за поднесување на пријави е 14-ти октомври 2019 година.
Подетално за оваа програма
  1. HEMERA е научно-истражувачка инфраструктура, која што е финансирана во рамките на програмата на Европската унија „Хоризонт 2020“, која што ги обединува големото стартно здружение од областа на истражувањето на тропосферските и стратосферските балони, за да ги направат овие балони подостапни за сите групи на научници во Европската Унија, Канада и партнерските земји. Дополнителните можности за учесниците во HEMERA во областа на балонските системи и операции ќе обезбедат едноставно и ефикасно опслужување на научната заедница. Во неа има широк спектар на научни и технички гранки како што се: астрономија, физика и хемија на атмосферата, истражување на климата, фундаментална физика, биологија, вселенски истражувања и технологии. Краен рок за поднесување на пријавите е 15-ти декември 2019 година.
Подетално за оваа програма

Извор: feri.um.si