Активности на 2ТМ во 2018/2019 година: саеми, семинари, конференции

Сакате да студирате во Европа? Барате земја која максимално ќе одговара на вашите барања?

Образованието во Словенија со својот квалитет, достапност, можност за упис на многу програми без приемен испит и со можноста за работа за време на студиите привлекува многу студенти.

Компанијата 2ТМ редовно учествува на различни манифестации на територијата на Србија, Русија и Украина. За тоа каде сè може да разговарате со нашите стручњаци во учебната 2018/2019 може да видите подолу.

Photo & Graphics: © 2TM d.o.o.

На нашите отворени семинари и градски образовни форуми/саеми може лично да се запознаете со соработниците на компанијата, да поставите прашања и да добиете исцрпни одговори.

План на активности на 2ТМ за 2018 година

Саем „ПАТОКАЗИ“, Нови Сад, Србија, 7-9.3.2019

Саемот е наменет за учениците во последните години од основните и средните училишта, како и за студентите. На саемот се претсатвуваат средните училишта и факултетите од Србија и од странство. Целта на саемот е промоција на образованието за сите.

Фирмата 2ТМ прв пат учествуваше на овој саем во 2018 година. Покрај нас, се претставија преку 60 образовни установи и институти од Србија и странство. Саемот го посетија преку триесет илјади посетители.

Архива

Семинар: „Студии во Словенија – донеси ја правата одлука“, Санкт Петербург, 4.12.2018

Во вторник на 4-ти декември 2018 година во Санкт Петербург, фирмата 2ТМ одржа бесплатен семинар: „Студирај во Словенија – Донеси ја правата одлука“.

Раководителката на словенечката фирма 2ТМ во Санкт Петербург, Ксенија Балашова на семинарот ја претстави Словенија – по што е позната таа, како живеат Словенците и зошто многубројни родители ги испраќаат своите деца на студии во Словенија.

Учесниците на семинарот се информираа како да се запишат на европска образовна установа без приемни испити и како да се стекнат со квалитетно образование.

Саем „Образование и кариера“, Москва, Русија, 24 – 25 ноември 2018 година

Компанијата 2ТМ учествуваше на московскиот саем за “Образование и кариера” во организација на Министерството за образование и наука и на Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација.

На сеамот се претставија образовните институции на Русија, како и јазиќни училишта, универзитети и агенции од Европа. Саемот го посетија повеќе од деветнаесет илјади луѓе.

Повеќе

Саем „World Education Fair“. Загреб, Хрватска, 16-17 ноември 2018 година

На 16-ти и 17-ти ноември 2018 година во главниот град на Хрватска, во Кристалната сала на Загребскиот изложбен центар, се одржа World Education Fair, на кој учествуваше и 2ТМ.

На овој саем учествуваа над шеесет образовни институции од преку десетина земји. Посетителите на саемот можеа да ги добијат сите информации за додипломските, магистерските студии, за средните училишта, курсеви за изучување на јазици, стипендии, како и за програмата Work & Travel USA.

Повеќе

 

 

Саем Education of Slobozhanshchina and Studying Abroad, Харков, Украина, 8 – 10 ноември 2018 година

На овој саем, кој трае неколку дена, посетителите може да се запознаат со сите образовни установи кои нудат образование во странство.

Саем на образование и наставни помагала – Белград, Србија, 24 – 28 октомври 2018 година

Втора година по ред учествуваме на белградскиот саем „Саем на образование и наставни помагала“, кој ќе се одржи на крајот од октомври 2018 година. Задоволни сме со резултатите од учеството на Саемот во 2017 година, па затоа одлучивме да учествуваме и оваа година. Мотото на Саемот е „Образована Србија, успешна Србија“. На Саемот се промовира учењето како доживотен процес, па како резултат на тоа и саемската понуда е многу обемна. Овој саем е многу посетен – дури 90 000 посетители во текот на петте саемски  денови.

Саем на стипендии и на високо образование, Риека, Хрватска, 18.10.2018 година

Саемот на стипендии и на високо образование во организација на Институтот за развој на образованието е единствен настан на кој се претставуваат студиски програми, стипендии и широка понуда на образование во Хрватска и во странство, достапни за хрватските граѓани. Саемот е наменет за сите кои се заинтересирани за стипендии и за други форми на финансиска поддршка, а посебно за средношколците заинтересирани за остварување на образовните цели во Хрватска и во странство.

Своите програми на стипендирање и придружната образовна понуда ќе ги претстават хрватските и странските универзитети и високите школи, државните институции, амбасадите, странските културни центри, компаниите и непрофитните организации. На овој начин, Саемот станува место, каде што посетителите може да ги пронајдат сите информации и услуги потребни за успешна пријава на образовните програми и на програмите за стипендирање во Хрватска и во странство.

Саем „Хоризонт на образование“, Санкт Петербург, Русија, 18.10.2018 година

Саем на образование кој секоја година се фокусира на прашањата за избор на образовната установа и идната професија. На саемот учествуваат претставници на образовните установи од Санкт Петербург и од цела Ленинградска област. На програмата има тематски семинари, тренинзи, тестирања за странски јазици, за избор на професија и игри за учениците.

„Семинар на образование во Словенија“, Харков, Украина, 6.10.2018 година

В сабота, на 6.10.2018 година, од 11:00 до 13:00 часот, во Харков ќе се одржи бесплатен семинар на компанијата 2ТМ „Образование во Словенија: значењето на квалитетното образование и зошто баш Словенија?“. Адреса на одржување на семинарот: ул. Короленко 10, Харков (Компјутерска школа Хилел).

„Московски ден на професионална ориентација и кариера“, Москва, Русија, 29.9.2018 година

Ова е најголемиот годишен кариерен форум во престолнината на Русија. На едно место се собираат повеќе од десетици илјади ученици и студенти за да ја изберат својата професија и студиска програма која најмногу им одговара.

Саем на образование, Пожаревац, Србија, 23.3.2018 година

Во гимназијата во Пожаревац е одржан Саем на образование, организиран од тимот за кариерно водење и за советување ученици на Гимназијата Пожаревац. 2ТМ учествуваше и на овој саем, и така продолжи да ја промовира Словенија како студиска дестинација и да им нуди помош на учениците од Западен Балкан при упис на образовните институции во Словенија.

На Саемот учествуваа околу 30 претставници од факултетите и од вишите школи од Србија. 2ТМ беше единствена агенција која промовираше бесплатни студии во Словенија за граѓаните на Србија. Забележавме дека кај учениците во Србија има голем интерес за студирање во Словенија, со оглед на тоа што штандот на 2ТМ беше еден од најпосетените.

Фирмата 2ТМ учествуваше и на тркалезната маса, при што учесниците на Саемот и раководството на Гимназијата ги запозна со основните карактеристики на високото образование во Словенија.

Саем „Патокази“, Нови Сад, Србија, 8 – 10 март 2018 година

Од 8 до 10 март во Нови Сад се одржа 13. по ред саем на образование „Патокази“. 2ТМ учествуваше за на идните студенти да им биде полесно да се запишат на некој од факултетите или вишите школи во Словенија. Слободно можеме да кажеме дека во текот на трите дена, штандот на 2ТМ беше еден од најпосетените. На штандот не доаѓаа само идните студенти и нивните родители, туку и наставници и претставници на средните училишта, заинтересирани за соработка со фирмата 2ТМ.

Повеќе

Побарајте консултации

Нашите стручњаци ќе Ви се јават во рок од 1 ден

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте бесплатна консултација од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х