Факултетот DOBA потпиша Декларација за разноликост

На 10-ти декември 2019 година, на Светскиот ден на човековите права, Факултетот DOBA потпиша Декларација за разноликост.

„Факултетот DOBA, којшто се гордее со две меѓународни акредитации за онлајн обуки, во динамична средина ја презема одговорноста диктирана од економскиот и социјалниот развој. Студентите, коишто се обучуваат на програмите за додипломски, магистерски и докторски студии со помош на напредни методи на обука се стекнуваат со корисни знаења и развиваат компетенции коишто потоа би ги пренеле во различни деловни средини. На тој начин, факултетот имплементира принципи за социјално одговорно поведение помеѓу студентите и со самото тоа создава средина во која што дипломците живеат и работат на локално, регионално, национални или меѓународно ниво со оглед на тоа што студентите на Факултетот доаѓаат од 46 земји. Факултетот DOBA ја разбира важноста од разноликост, интеграцијата и рамноправноста, коишто целото време се извор на напредок и развој на поправедно општество“, – се вели во соопштението на веб страната на оваа образовна установа.

Извор: doba.si